Тајната на изгледот на една од најубавите актерки: Вака се негува Шарлиз Терон!

Нема ни една операција!

Следниве пет тајни на убавината се клучот за совршениот изглед на оваа актерка, а може да ви послужат и вам

Една од најубавите жени во Холивуд дефинитивно е Шарлиз Терон. Оваа дива е вистински доказ дека не се потребни операции за беспрекорен изглед, туку придржување до неколку основни правила за убавина, што може да ги усвои секоја жена.

Следниве пет тајни на убавината се клучот за совршениот изглед на оваа актерка, а може да ви послужат и вам…

1. Никогаш не ги занемарувајте трепките

Шарлиз смета дека трепките се најубавиот украс на лицето и никаде не оди без маскара и виткач за трепки, кои прават чуда со неколку потези.

2. Секогаш носете парфем

Дури и кога оди на тренинг, убавата актерка никогаш не заборава да стави парфем. Тој мал, но впечатлив детаљ ѝ дава чувство на посебност, бидејќи ја издвојува од толпата.

3. Доволно сон и квалитетните кремови прават чуда

Шарлиз го цени сонот повеќе од што било друго на светот. Секоја вечер оди многу рано на спиење, а се буди пред 6 часот наутро. Нејзината утринска нега се состои од миење со ладна вода и крем со заштитен фактор, додека навечер длабински го чисти лицето, а потоа нанесува серум, крем за областа околу очите и богат, хидратантен крем.

4. Рицинусовото масло е спас за косата

Актерката еднаш неделно ја премачкува косата со рицинусово масло и го масира темето за да ја поттикне циркулацијата и да го забрза растот на косата.

5. Пилатесот е поефикасен одошто мислите

Иако никогаш немала проблем со килограмите, Шарлиз последните неколку години го одржува телото вито и затегнато со пилатес. Тврди дека по тренингот се чувствува одлично и дека пилатес-вежбите целосно го промениле нејзиното тело.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време