Ова е единствената храна што треба да ја јадете доколку сакате да имате долга и бујна коса!

Доколку сакате да и го вратите волуменот и сјајот на вашата коса, вклучете ја оваа вкусна и здрава храна од морето во вашето мени.

Кога станува збор за вашето здравје, сè е поврзано. Храната што ја јадете многу придонесува за вашето целокупно здравје, како и за убавината и здравјето на вашата коса.

Ако неодамна сте забележале дека вашата коса го изгубила својот сјај, е склона кон кршење или опаѓа повеќе од вообичаено, одредени намирници можат да помогнат. Иако постојат многу намирници кои би можеле да ги наречеме суперхрана за коса бидејќи ја негуваат вашата коса од внатре кон надвор, една од нив се издвојува. Поради својот нутритивен состав, оваа намирница служи за да и даде волумен и сјај на вашата коса.

Храна број 1 за здравјето на вашата коса

Лососот, особено дивиот лосос, меѓу нутриционистите е познат како најдобра храна за здравјето на вашата коса. Причината за ова лежи во висококвалитетните протеини, вклучително и морски колаген, омега-3 масни киселини и цинк – важни хранливи материи поврзани со убавината и здравјето на косата.

Масната риба, како што е дивиот лосос, содржи и висок процент на витамин Д. Витаминот од сонцето, освен што го регулира производството на себум, природното масло одговорно за одржување на скалпот здрав и хидриран е одговорен и за растот на косата. Имено, недостатокот на витамин Д може да се поврзе со зголемено опаѓање на косата.

За да извлечете најмногу придобивки, обидете се да консумирате две порции лосос неделно – и не ја отфрлајте неговата кожа, бидејќи богатата разновидност на колаген – протеин е одговорна за младоста и на косата и на кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.