Не сте задоволни од природниот изглед на вашите трепки, би сакале да се погусти, потемни и повиткани, а не сакате да носите надградба? Решение е третманот Lash Lift & Keratin (@lashes_mirra).
Станува збор за хемиско виткање на природните трепки, нивно боење и третирање со кератин, кој ги пополнува влакната, правејќи ги подебели и погусти. Кератинот за трепки е мешавина од концентрирани активни состојки како масло од јојоба и арган, со додавање амино-киселини и протеини, кои ги зајакнуваат природните трепки.
За третманот се потребни 60-тина минути, а ефектот трае од шест до осум недели.
Ќе заборавите на маскарата, пробајте го!
Текст: Н.Човиновска
Фото: Keratin lash lift by Meri