Воодушевила со промена на имиџот: Сите зборуваат за новата фризура на Кејт Мидлтон!

Гламурозно и женствено

Војвотката го вратила во мода трендот од 1970-те

Кога Кејт Мидлтон ќе направи и најмала промена, тоа мора да биде забележано. Таа решила да го освежи својот изглед и за нијанса да ја промени бојата на косата.

Прамените повторно се во тренд, а нему ни војвотката не успеала да му одолее. Во обраќање преку Твитер ја покажала новата фризура.

Нејзината коса толку добро изгледа што тешко е да се игнорира тоа. Неверојатно е како една толку мала промена може да направи драстична разлика во изгледот. Овој пат, таа наместо со благи бранови, на коишто сме навикнати, се појавила со гламурозни кадрици, кои ѝ додале волумен на нејзината коса и ѝ дале уште поженствен изглед.

Веднаш по ова појавување следеле позитивни коментари.

„Одлично ѝ стои оваа боја. Изгледа толку добро! Сакам и мојата коса да изгледа толку сјајно и здраво“, можело да се прочита.

Оваа нијанса со боја на мед е полн погодок за есенските денови. Доколку планирате промена, земете пример од Кејт. Оваа боја на коса одлично му стои речиси секому.

Дали ви се допаѓа оваа промена?

Неочекувани трендови во бојосувањето коса: Овие нијанси ќе бидат апсолутен хит оваа есен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.