Неочекувани трендови во бојосувањето коса: Овие нијанси ќе бидат апсолутен хит оваа есен!

Интересно

Есента е одлично време за промена на бојата на косата

Иако сме навикнати наесен да стануваат актуелни помирните тонови, оваа сезона ситуацијата ќе биде поинаква. Во текот на есента, актуелни ќе бидат интензивни и впечатливи нијанси, а овие две ќе бидат апсолутен хит…

Пепелаво руса

Експертите тврдат дека на повеќето жени одлично им стои оваа боја. Пепелавата, речиси сива, нијанса веќе некое време се многу актуелни, а во текот на есента ќе биде уште попопуларна.

https://www.instagram.com/p/CEmAhVLhVnF/?utm_source=ig_embed

Оваа боја е за оние смели дами кои сакаат да се истакнат и да бидат забележани. Единствениот проблем кај оваа нијанса е што тешко можат да се извлечат ваквите сиви тонови во домашни услови, па најдобро би било да им се препуштите на рацете на професионалците.

Боја на чоколадо

Бојата на чоколадо ќе биде вистински избор за оние дами што сакаат да имаат малку помирен изглед и поприродни тонови, но и понатаму да задржат доза на впечатлив изглед.

https://www.instagram.com/p/CD4OJDhjkt2/?utm_source=ig_embed

Топлите нежни тонови на кафеава со примеси на какао и карамела ќе бидат во прв план во текот на есенската сезона, а најдобро од сè е тоа што одлично прилегаат на речиси сечиј тен. Всушност, оваа нијанса може да се опише како мешавина на кафеави тонови, во комбинација со суптилни црвенкасти тонови кои на косата ѝ даваат раскошен изглед.

Есенски трендови за коса: Здосадено ви е од бојата на косата? Погледнете ги овие предлози
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.