Нема да можете да изедете само едно: Овие колачиња со карамела се полн погодок!

Десерти

Пробајте колачиња со карамела

Состојки:

За тестото:

  • 130 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 45 г какао
  • 115 г путер
  • 135 г шеќер
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила

За преливот од карамела:

  • 14 карамела-бонбони
  • 3 лажици слатка павлака

Други состојки:

  • 1 белка
  • 100 г крупно мелени лешници

Приготвување:

1. За приготвување на тестото, пенесто се матат путерот и шеќерот, па се додаваат млекото, жолчката и екстрактот од ванила, па добро се меша.

2. Посебно се поврзуваат какаото и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, се сеат и се додаваат во смесата. Се меси со рака додека се добие компактна смеса. Се витка во фолија и се остава во фрижидер да мирува 60 минути.

3. Од отстоената смеса се обликуваат помали топчиња, со тежина од 20 г. Се макаат во блага изматена белка, а пота се валаат во сечканите лешници.

4. Топчињата се редат во плех обложен со хартија за печење, а потоа секое топче се длаби во средината. Се печат во загреана рерна на 180°Ц, околу 15 минути.

5. Посебно се приготвува преливот од карамела. Во тенџерче се поврзуваат карамела-бонбоните и слатката павлака, па се загреваат на умерена температура, додека се растопат бонбоните.

6. Вдлабнувањето на печените колачиња се полни со топлиот карамела-прелив.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.