Сет-шминки „Дебора Милано“ на подарок за 1 читателка на „Убавина и здравје“

Овој и многу други подароци можете да добиете скоро секој ден следејќи нè на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм

Познатата козметичка компанија Deborah Milano,  која ја инјектира италијанската совршеност во светот на козметиката уште од 1962 година, на една читателка на ноемврискиот број на списанието „Убавина и здравје“ ѝ подарува сет сочинет од течна пудра, маскара и кармин за усни.

Extra Mat Perfection – течна пудра со долготраен мат-финиш што издржува екстремни временски услови. Го подобрува тенот и ја прикрива Т-зоната, истовремено обезбедувајќи продолжена хидратација.

🔶 Содржи СПФ 20.

🔶 Хипоалергичен производ.

Fluid Velvet Mat – карминот е вистинското нешто за жената што има потреба од квалитетен, долготраен кармин со софистициран ефект. Благодарение на револуционерната формула и специјално дизајнираниот апликатор, усните се истовремено обоени и дефинирани само со еден потег.
🔶 Екстремната удобност е загарантирана. Не содржи парабени.
🔶 Хипоалергичен производ , формулиран за да го минимизира ризикот од алергија.
Deborah Milano Double Effect – маскарата претставува еден единствен производ што нуди неверојатно густи и неверојатно подолги трепки, со видливо поостра дефиниција. Не создава грутки и не ги слепува трепките.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.