Трик кој штеди пари: Коса до 3 нијанси посветла без одење на фризер!

Ви треба само една состојка!

И без да одите на фризер можете да имате совршена фризура

За да ви изгледа косата средено, не мора да одите на фризер, туку можете да се послужите со овој едноставен трик!

Ќе заштедите многу пари, а резултатот ќе биде еднакво добар како штотуку да сте излегле од салон. Природата има решение за сѐ, па така и за разубавување на косата.

Честопати, со намирници од кујната можеме да ги постигнеме сите посакувани ефекти, а во овој случај ќе ви треба само еден лимон.

Техниката е едноставна:

Во чаша топла вода исцедете еден лимон и добро измешајте. Можете да употребите и 2-3 лимона, доколку косата ви е подолга, но внимавајте секогаш да има повеќе вода отколку лимонов сок.

Измијте ја косата и исушете ја со пешкир, а потоа нанесете ја оваа природна боја. За третманот да даде резултати, треба да поминете еден-два часа на сонце по нанесувањето, бидејќи така косата полека природно ќе се исуши.

Резултатот би требало да биде осветлена коса и до 3 нијанси. Фризерите нагласуваат дека овој третман е делотворен ако имате коса што не е бојадисана.

Можете и сами: Како да ја бојадисате косата во домашни услови?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.