Можете и сами: Како да ја бојадисате косата во домашни услови?

Бидете убави и негувани

Бојадисувањето на косата може да биде успешно и во домашни услови…

Сте се обиделе да ја бојадисувате косата сами? Можеби тоа е дел од вашето секојдневје, а можеби сте пробале, но не сте биле задоволни од резултатите. Секако дека ништо не може да го замени одењето во фризерски салон (особено ако сакате да направите драстична промена), но доколку ви треба само да ја освежите бојата или малку да ја осветлите или затемните, можете да го направите тоа и во домашни услови…

Одберете

Ѕирнете ги нијансите претставени на кутичето пред бојадисувањето и видете дали се слични на вашата боја на коса. Секогаш следете ги напишаните инструкции и купете две кутичиња, за секој случај.

Тестирајте

Тестирајте ја новата боја на неколку внатрешни прамени за да го одредите времето. Колку е поретка, толку побрзо ќе „фати“ бојата. Не ја мијте косата два дена пред бојадисувањето.

За целосен ефект

Ако ја бојадисувате целата коса, прво нанесете боја околу 1 см под скалпот и продолжете кон врвовите. Потоа, кога бојата ќе ви отстои половина од потребното време, бојадисајте ги и корените.

Руса

Ако сте бринета, ова не е препорачливо да го правите сами! Можете уште малку да ја осветлите бојата, доколку сте веќе русокоса. Правилата на бојадисување се исти, а ако сакате коренот да ви биде помалку видлив, издвојте прамени.

Прамени

Одберете боја што е една нијанса посветла од вашата коса. Почнете од предните кон задните прамени, одделете десет парчиња широки околу 0,5 см, оддалечени едно од друго околу 0,5 см. Не бидете прецизни за поприроден изглед!

Црна

Редовно треба да ја освежувате бојата со прелив или полутрајна боја, за да не изгледа „избледено“. Ако се одлучите за оваа боја, ќе треба да го приспособите и начинот на шминкање.

Црвена

Најбрзо избледува и најтешко се одржува. Црвената коса треба почесто да се бојадисува и да се освежува со преливи и препарати што ја фиксираат нијансата.

ПОМОШ!

Ако косата ви излегла премногу темна, нанесете маслиново масло на мокра коса, покријте ја со капче за пливање, завиткајте ја во жешка крпа и веднаш измијте ја со шампон. Ако е пресветла, додајте уште боја.

Одржување

Негувајте ја косата како што ја негувате кожата. Користете шампон за заштита на бојата и кондиционер. Водата е најголемиот непријател на бојадисаната коса, па кога можете, немојте да ја миете и употребете само шампон за суво миење на корените. Маските се одлични за хидрирана и мека коса, преливите ќе ѝ го зголемат сјајот, а шапките ќе ја заштитат од сонце!

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.