Колку цврсто се врзуваат кучињата за својот сопственик: 4 причини зошто таа врска е нераскинлива!

Домашни миленици

Дознајте на кои начини се поврзуваат кучињата со сопствениците и како ја зајакнуваат таа врска

На сите ни е добро позната блиската врска помеѓу кучињата и луѓето. Не се вели залудно дека „кучето е најдобриот пријател на човекот“.

Но кучињата не ги сакаат еднакво сите луѓе. Кога семејството ќе земе да чува домашен миленик, кучето обично го препознава најдобриот човек и нему му е најверно. Тоа не мора да биде оној што го вдомил или официјалниот сопственик на кучето. Не е кучето секогаш најлојално кон оној што му ја полни чинијата со храна.

Во продолжение дознајте како кучињата го одбираат својот најдобар пријател меѓу луѓето…

Постојано се со својот сопственик

Кога чувате куче, поминувате многу време со него, се грижите за него, вие се приврзувате за него исто како и тоа за вас. Таа посебна врска станува посилна од ден во ден. Секоја позитивна активност со вашиот домашен миленик ја зајакнува неговата љубов кон вас. Па затоа, играјте си со него што почесто.

Важно е и шетањето, но не само да го пуштите кучето од синџирот и повеќе да не гледате што прави. Прошетката исто така е можност да се зближите. Играјте си криенка со него, подавајте му топка или сокријте ја да ја бара. Исто така, галењето и чешлањето е уште еден начин на поврзување. Ако постапувате вака, вашето куче ќе научите дека забавните и возбудливи моменти произлегуваат од дружбата со вас.

Ја чувствуваат љубовта на својот сопственик

Ако живеете во големо семејство, вашето куче може да има повеќе драги луѓе, но особено ќе се врзе за онаа личност која најмногу се грижи за него. Ако вашето куче е активно и темпераментно, ќе ја цени личноста која најдобро ја задоволува таа негова потреба.

Кучињата добро знаат кој што им дава и лесно ќе го одберат својот „миленик“ меѓу луѓето. Вниманието и љубовта што ја добиваат влијаат врз нивното однесување кон вас. Колку повеќе му давате, толку повеќе ќе добиете за возврат.

Од сопствениците добиваат само позитивни работи

Кучињата создаваат позитивни вибрации со луѓето околу себе. Важно е кучето да добива само добри работи од вас. Немојте да му викате, да му покажувате лутина, или уште полошо, физички да го казнувате кучето.

Кучињата треба да се воспитуваат со позитивно наградување на доброто однесување, ако на пример, со игри, грицки, никако со удари. Не е целта да се плаши од сопственикот, туку да научи дека сѐ што доаѓа од него е добро. Така и полесно ќе сфати што барате од него, ќе ве послуша и ќе ве сака.

Имаат усогласени карактери

Кучињата ги одбираат своите омилени луѓе според тоа колку им одговара нивниот карактер, односно колку се слични на нив. Повеќето кучиња имаат слични особини со своите сопственици.

Кучињата полни со енергија најчесто обожаваат активни луѓе, додека мирните кучиња сакаат луѓе кои живеат помирен живот, поминувајќи го времето најмногу дома.

Експертите одговараат: Што сакаат да ни кажат кучињата кога нѐ лижат?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.