Лекарите се борат со необична последица на коронавирусот кај пациентите

Лекарите откриле дека некои пациенти заразени со коронавирусот имаат изненадувачко ниски нивоа на кислород во организмот, но сепак се чувствуваат добро.

Овој феномен се нарекува тивка или среќна хипоксија и е многу распространет кај пациентите.

Мистеријата во која пациентите надвор од животна опасност имаат нивоа на кислород толку ниски што може да предизвикаат несвестица, па дури и смрт ги натера лекарите да ги преиспитаат основните принципи на биологијата.

Тоа е феномен што тие го нарекуваат „тивка хипоксија“ и го поставува прашањето како вирусот ги напаѓа белите дробови и дали може да има поефективни третмани.

Здрава личност треба да има заситеност на кислород од најмалку 95 проценти, но лекарите известуваат дека има голем број пациенти на клиничка терапија кои имаат ниско ниво со драстични случаи под 50 проценти.

Лекар во болницата во Манчестер, Мајк Чарлсворт изјави дека состојбата може да предизвика и тешка хипоксија. Тој објасни дека луѓето кои имаат проблеми со недостаток на кислород обично изгледаат крајно болни, што не е случај кај некои пациенти кои се заразени со коронавирус.

„Со пневмонија или белодробна емболија, тие не би седеле во кревет и разговарале со нас. Ние не разбираме како е можно ова, не знаеме дали е тоа органско оштетување кое не можеме да го откриеме и не разбираме како телото го компензира тоа“, рече Чарлсворт.

Конвенционалната медицина вели дека пациентите со заситеност на кислород под 75 проценти обично губат свест, но сега тоа не е случај.

„Интригантно е да се видат толку многу луѓе кои доаѓаат во болница и се хипоксични. Обично, не би го виделе овој феномен со грип или пневмонија, ова е многу подлабоко и е пример за абнормална физиологија што се случува пред нашите очи“, вели советникот за нега и анестезија во Манчестер, Џонатан Банард-Смит.

„Гардијан“ пишува дека има и нови докази за ефектот на Ковид-19 врз згрутчување на крвта. Неколку клинички испитувања се обидоа да откријат дали разредувачите на крвта можат да ги спречат или лекуваат компликациите, вклучувајќи респираторни проблеми и ниско ниво на кислород во крвта.

Прочитајте и: Кинески научници тврдат: Постои мала веројатност дека коронавирусот ќе исчезне некогаш, еве зошто!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.