Неколку работи што треба да ги знаете пред да одите во фризерски салон

Ако сте меѓу оние кои доаѓаат во фризерскиот салон со свои идеи, пред да направите што сакате, прочитајте што би сакале фризерите да знаете …

Глобален амбасадор за брендови како L’Oreal Professional и GHD, фризерот Адам Рид состави список со пет клучни работи што секој фризер би сакал да ги знаат неговите клиенти:

Не ја потстрижувајте косата сами 

Клиентите често се прашуваат дали можат сами да се потстрижат, а Адам вели дека одговорот е негативен и во никој случај не го препорачува. „Дури и многу професионалци не можат да го направат тоа добро на себе“, додаде тој.

Фризерите вредат злато

Адам вели дека нема ништо лошо во тоа да ја препуштите косата на вашата мајка, пријател или некој друг, но дека никаде нема да го добиете тоа одлично чувство и свеж изглед како во фризерски салон.

Не верувајте во сè што гледате на Интернет

Повеќето луѓе се инспирираат од познати личности, модели или фотографии што ги гледаат на социјалните мрежи. Иако ова е најлесниот начин да објасните на фризер што сакате, прво треба да се консултирате со нив за одржување на таа фризура. – Многу познати личности кои често ги гледате со различни фризури имаат перики, а промената на бојата на косата е скапа и веројатно сакате да трае подолго. Покрај тоа, треба и да се одржува со квалитетни производи – објасни Адам.

Верувајте му на фризерот

– Знаеме што правиме и поминавме години да станеме експерти – заклучи Адам.

Прочитајте и: Заборавете на седата коса со помош на оваа храна

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.