Разговор за љубовта со оперскиот пејач Благој Нацоски: „Љубовта ми дава живот!“

Ја славиме љубовта

Го прашавме Благој Нацоски каква улога има љубовта во неговиот живот…

Македонскиот тенор Благој Нацоски, кој бележи музички успеси во многу места ширум светот, ни откри како тој ја доживува љубовта и каква улога има таа во неговиот живот.

ЉУБОВТА… постои во една посебна зона во временскиот простор каде што законите на физиката повеќе не важат, каде што текот на времето го менува своето значење и ти веруваш дека си бесконечен иако знаеш дека си ништо.

СРОДНА ДУША Е… онаа личност што прави да чувствуваш мир и благосостојба, како конечно да си стигнал дома. Ти изгледа како да си ја познавал таа личност отсекогаш и воочуваш дека пред да ја сретнеш, за тебе не постоело ништо друго, освен чекањето да ја сретнеш.

ИДЕАЛНАТА ВРСКА Е… онаа во која љубовта созрева со текот на годините, кога еден мал желад на страста станува чинар со големи корени. Тој чинар ги преживеал сите перипетии и е богат со многубројни гранки и ливчиња.

ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА АКО… гранките на чинарот полека почнуваат да се кршат.

ЗА ЉУБОВТА НАУЧИВ ДЕКА… додека не ја прифатиме и цениме сопствената природа, не можеме да очекуваме од другите да го сторат тоа.Треба да се запознае љубовта и да се научи да се љуби.

СКРШЕНО СРЦЕ СЕ ЛЕКУВА СО… ослободување на емоциите. Пронајдете безбедно место каде што се чувствувате пријатно и оставете ги солзите да течат. Бегството од болката само ќе ја направи хронична и затоа треба да се прифати.

ЉУБОВТА ПРАВИ ДА БИДАМ… жив!

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Васил Зафирчев за љубовта: „Не верувам во постоењето на скршени срца“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.