Направи сама: 4 ефективни маски што ќе го вратат сјајот на вашата коса

Брзо и едноставно

Покрај маските со кои вообичаено ја негуваме косата, ги обожаваме и оние што можеме сами да ги направиме и да ѝ го вратиме сјајот на косата.

Како да ја негувате косата дома?

Маска за коса од банана и јогурт

Бананите се богати со калиум што може да ја направи косата посилна, па затоа се совршен избор за состојка во маската за коса. Во зависност од должината на косата, испасирајте една или две банани и измешајте со јогурт или млеко. Нанесете на косата, оставете да делува 30 минути или подолго и исплакнете со шампонот што вообичаено го користите. Не заборавајте на маската како последен чекор.

Маска за коса од јајца

Јајцата се богати со протеини, биотин и минерали, кои овозможуваат длабока нега на косата. Доколку имате мрсна коса, користете само белка од јајце, додека за сува коса се препорачува жолчка, а за нормална коса цело јајце. Измешајте го јајцето или делот што ќе го користите и додадете мед и / или кокосово масло. Нанесете на целата должина на косата. По околу 30 минути или повеќе, исплакнете ја маската и продолжете со вообичаената рутина за миење на косата.

Маска за коса од јогурт

Јогуртот има антибактериско дејство, го стимулира скалпот и го стимулира растот на косата. Нанесете го на косата од корен до врв. По околу 30 минути, измијте ја косата со вообичаената постапка.

Маска за коса направена од сок од лимон и маслиново масло

Исцедете го лимонот и изрендајте ја кората, додадете маслиново масло и завиткајте ја косата во топла крпа. По минимум 30 минути, исплакнете ја маската, ставете шампон и конечно ставете ја маската за коса што вообичаено ја користите.

Бидејќи сите ние поминуваме време дома, не пеглајте и не ја виткајте косата, а ако можете, обидете се да избегнете сушење на косата со фен за коса. Откако ќе ја измиете косата, ставете го серумот што вообичаено го користите за нега на коса и завиткајте ја во топол пешкир. Кога пешкирот ќе го апсорбира вишокот вода, оставете ја косата да се исуши на природен воздух.

Прочитајте и: Ако сакате здрава и бујна коса, не ја чешлајте веднаш по миењето

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.