Ако сакате здрава и бујна коса, не ја чешлајте веднаш по миењето

Совети од експерти

Секој што има подолга коса сигурно знае за болката при чешлање после миење, особено ако не спаѓа во оние кои користат балсам за полесно чешлање.

Освен што чешлањето на влажна коса воопшто не е пријатно, косата се протега, крши и истенчува поради агресивните движења на четката, па многу брзо косата станува тенка, без волумен, а краевите се распукани и излитени.

Фризерите затоа препорачуваат да не ја чешлате косата додека е влажна. Кога ќе ја измиете косата, завиткајте ја во пешкир и оставете ја да стои десет минути, така што вишокот на влага ќе се апсорбира. Потоа поминете со прстите низ косата, и ако навистина не можете без чешел, користете го оној со широки, ретки заби. Дури и таков чешел, подобро е да го користите само кога косата е скоро сува, а пред чешлањето нанесете го производот за нега што обично го користите (спреј, масло, гел).

Чешлајте ја косата малку по малку, од краевите, постепено движејќи се кон коренот на косата и задолжително држете ги влакната со рака, така што косата се протега помалку додека се чешла.

Прочитајте и: 5 причини зошто вашата коса бавно расте

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.