Јазол-пунџа готова за три минути: Елегантна и шик фризура за секоја жена! (ВИДЕО)

Се прави многу лесно

Идеална фризура за секоја пригода

Ако сте во потрага по совршена фризура, која е идеална за елегантни и опуштени пригоди, на вистинското место сте! Ви ја претставуваме јазол-пунџата која се прави за неколку минути, а нема да ви треба ни преса ни фигаро, туку само неколку шнолички, една поголема шнола и две ластичиња.

Подигнете ја косата во средно високо опавче и врзете ја со ластик. Поделете ја косата на два дела, па горниот дел поделете го на два прамена и врзете ги во јазол.

Потоа, не пуштајќи ги тие два прамена, земете уште два од косата што останала да паѓа (како да плетете рибина коска) и повторно врзете ја во јазол.

Продолжете така додека има коса која слободно паѓа, па малку под последниот јазол прицврстете со цврста шнола. Потоа, со помош на шнолички зацврстете го секој јазол од двете страни.

Тргнете ја шнолата и на тоа место врзете ја косата со мало ластиче и направете пунџичка, па протнете ја под пунџата. И тој дел зацврстете го со шноличка и подготвени сте за излегување!

Шик пунџа за 5 минути: Одлично ја камуфлира мрсната коса! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.