Шик пунџа за 5 минути: Одлично ја камуфлира мрсната коса! (ВИДЕО)

Секому му стои!

Нема шанси да не ви успее оваа фризура

Нема потреба да одите на фризер секогаш кога треба да одите на некаква свеченост или едноставно сакате да и’ дадете малку елеганција на вашата коса.

Постојат многу фризури што се прават за неколку минути, а нема шанси да не ви успеат.

Една од нив е и оваа шик пунџа „француско јаже“ која ќе ви покажеме како да ја направите.

Оваа пунџа е совршен избор за на работа или кога излегувате навечер, како и за свечени настани, но и за моментите кога немате време да ја измиете косата.

Исчешлајте ја косата, па од десната страна земете два прамена со ширина од околу 1 сантиметар. Ако имате кркми или сакате некој прамен слободно да ви паѓа, веднаш издвојте ги.

Почнете да го плетете „јажето“, така што ќе го префрлите десниот прамен врз левиот, така што левиот ќе биде оздола и ќе стане десен. Понатаму, во секој „десен“ прамен ќе додавате уште малку коса и ќе го префрлате врз левиот.

Внимавајте плетенката убаво да ја затегнете во пределот зад ушите, за да не биде премногу лабава. Плетете се’ до вратот, па врзете ја со ластиче.

Остатокот од косата (опавчето) повторно поделете го во два прамена и префрлувајте ги еден врз друг во насока на стрелките на часовникот, се’ до крајот, а при врзувањето со ластиче, направете мала пунџа, за да не биде крајот на опавчето премногу долг и да не ви штрчи од пунџата.

Ви остана уште да ја го завртите исплетеното опавче во пунџата, исто така во насока на стрелките на часовникот. Прицврстете ја со неколку шнолички и вашата шик фризура е готова!

Напомена: За да не ви падне пунџата, кога ќе ја прицврстувате со шнолички, користете повеќе и фаќајте што помалку коса со една шноличка.

Ако со една шноличка фатите премногу коса, брзо ќе ви испадне, а вие ќе останете со неуредна коса и со изгубено време и труд.

Погледнете го видеото за да видите подетално како да ја направите оваа прекрасна фризура…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.