Анџелина Џоли во едноставно издание: Модните критичари сепак и’ нашле маана!

Модните експерти ја искритикувале

Славната холивудска актерка ги однела децата на вечера во ова издание, но не успеала да им побегне на снаодливите папараци

Анџелина Џоли (43) била фотографирана на улиците во Њујорк во црна модна комбинација, а друштво и’ правеле децата.

Имено, холивудската актерка ги однела синовите Пакс (15), Захари (14), Шило (12) и близнаците Вивиен и Нокс на вечера, а папараците го забележале тој момент, како и нејзиното модно издание.

Познато е дека Џоли претпочита едноставни модни комбинации, како на црвениот тепих така и приватно. Ни овој пат не се откажала од својот препознатлив стил.

Облекла тесни црни панталони кои ги искомбинирала со црн капут и долг тегет шал, кој достигнува до чевлите.

Меѓутоа, модните експерти сепак и’ нашле маана на оваа складна комбинација, односно и’ замериле на Џоли што не експериментира со облеката, туку одбира парчиња што ги обожаваат мрзливите луѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.