Пијалак што двојно ја намалува тежината: Топи точно 4-5 килограми, без да мрднете со прст!

Научно докажано!

Сите го имаме овој пијалак во фрижидер

Ново научно истражување открило дека луѓето кои пијат барем една чаша млеко дневно слабеат дупло побрзо!

Научниците тврдат дека две третини чаша млеко дневно може да ви помогнат да изгубите повеќе од 4-5 килограми за 6 месеци и тоа без да мрднете со прст!

Освен тоа, со секојдневното пиење млеко внесувате и го стабилизрате нивото на калциум и витамин Д во телото, кои исто така се поврзани со брзото губење килограми.

Истражувањето кое дошло до овој заклучок, испитувало 322 личности со вишок килограми во период од две години, кои биле на медитеранска диета со ниско ниво на маснотии и на диета со намалено внесување јаглени хидрати.

Диетата немала големо влијание, туку пресудно било нивото на калциум и витамин Д, а резултатите покажале дека оние кои пиеле млеко во просек изгубиле 5,5 килограми за 6 месеци. Тие секој ден внесувале околу 580 милиграми калциум, што може да се најде во две чаши млеко.

Испитаниците кои пиеле околу половина чаша млеко дневно, изгубиле само 3 килограми за истиот временски период.

„Американските експерти уште од 2005 година препорачуваат три чаши млеко (вкупно 750 милилитри) дневно, а тоа се покажа и како одлична доза и во нашето истражување. Нашите сознанија укажуваат дека доволното консумирање калциум од млечни производи и снабдувањето со витамин Д, дефинитивно многу влијаат врз процесот на слабеење. Но врската помеѓу овие фактори мора подлабоко да се истражи“, истакнале авторите на истражувањето.

Речиси половина од светската популација страда од недостиг од витамин Д, особено во периодот од октомври до март, кога во одредени климатски зони нема воопшто сонце.

„Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум во крвотокот. Со него може да се снабдиме преку изложување на сонце, но и преку производи како што се рибино масло, масни риби и јајца, како и млеко, јогурт и секако, суплементи“, заклучиле научниците.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.