Ја обновува и најоштетената коса од корен: Фризерите се воодушевени од оваа маска од 3 состојки!

Природно!

Фото: Getty Images

Со оваа маска ќе добиете сјајна и здрава коса прекуноќ

Експертите ги искомбинирале состојките на вистински начин и така ја добиле најмоќната природна маска која со само неколку употреби ќе ја прероди и најоштетената коса и ќе ѝ го врати сјајот.

Првите резултати се гледаат по само едно нанесување, а за да биде косата потполно здрава и мека, се препорачува да се употребува 2 пати неделно во рок од еден месец.

Состојките на оваа маска се исклучително моќни, па на вистински начин ќе влијаат врз косата и ќе успеат да ги санираат и најголемите оштетувања. Освен што прави чуда за косата, прави чуда и за буџетот, па така нема да морате да издвоите голема сума на пари, кои инаку би ги потрошиле на скапи професионални маски и третмани на фризер.

Со оглед на тоа што се прави од природни состојки, нема шанси нешто да тргне наопаку.

Оваа маска ефикасно третира груба, сува и оштетена коса. Влажните состојки продираат длабоко во коренот на косата, интензивно ја влажнат и ја заробуваат таа влага во косата, што е многу важно за да се спречи нејзината дехидратација, која на крајот резултира со нејзина сувост, како и склоност на испукани и оштетени врвови.

Потребни состојки:
  • половина шолја мајонез (количината зависи од должината на косата, ова е оптималната мерка за коса со средна должина)
  • 3 лажички течен глицерин
  • 2 лажици кокосово масло
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки, додека смесата стане мазна. Втријте ја смесата во косата, почнувајќи од темето на главата, па сѐ до нејзините врвови.

Завиткајте ја косата во капа за туширање и оставете ја маската да отстои неколку часа, а најдобро би било да преспиете со неа.

Потоа, измијте ја косата во вообичаениот начин. Ставете и балсам за коса за уште повидлив сјај.

5 рецепти со кафе за освежување на кожата и косата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.