Ги смирува цревата и ги намалува килограмите: Една шолја од напивката со оваа билка ќе ви ги реши сите проблеми!

Магија од природата

Оваа билка позната како мајчин лист се користи за констипација, за синдром на нервозни црева, за детоксикација, но и за намалување на телесната тежина

Листот од сена, односно мајчин лист, се покажал како многу ефикасен лаксатив. Го стимулира празнењето на цревата, а дејството се манифестира 6-10 часа по употребата. Научните истражувања официјално ги потврдиле благотворните дејства на сената и ја одобриле нејзината употреба за лаксативни цели.

Сената се користи во форма на чај, најдобро како природно сушен лист од билката, иако постои и во форма на инстант-напивка и таблети. Чајот е најефикасно и најделотворно да се консумира навечер пред спиење – една шолја.

Мајчиниот лист не треба да се користи постојано, бидејќи доведува до создавање навики, па цревата може да станат мрзеливи и да ги изгубат своите природни перисталтички движења (подвижноста на цревата што доведува до природно празнење). Се препорачува чајот од сена да се користи три до седум дена, максимум, во период кога дигестијата е многу лоша и не сте успеале да ја регулирате констипацијата на ниту еден друг начин.

Не се препорачува подолга употреба на сена, а помеѓу два циклуса на користење се препорачува да помине минимум еден месец.

Сената не се препорачува кај лица што страдаат од разни форми на опструкција , улцерација и воспаление на органите на дигестивниот тракт (Кронова болеста, улцеративен колитис, абдоминална болка од непозната причина, крвавење од ректум), кај деца помали од 12 години и трудници.

Сената е многу ефикасна, а со самото тоа и моќна билка, па ако се претера со употреба и не се послушаат советите за количината и траењето на терапијата со оваа билка, може да дојде до несакани ефекти, како што се грчеви, мачнина и повраќање, а долготрајна употреба може да доведе до „мрзеливост на цревата“. Доколку се јават такви симптоми, потребно е веднаш да престанете со консумирање чај од сена.

Покрај употребата на чај од сена, во случај на акутен или хроничен проблем со констипација, се советува промена на начинот на исхрана (што повеќе растителни влакна, овошје, смокви, суви сливи, зеленчук, производи од цело зрно: интегрални, ленено семе), доволно внесување течности, готвена храна, а примената на лаксативни средства треба да се остави како краен метод, откако ќе ги пробате сите други опции.

Оваа билка ги фасцинира и лекарите: Докажано го зајакнува имунитетот и ги убива сите вируси!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.