Двојното помрачување од 5 јуни до 5 јули ќе влијае врз следните 18 години од сечиј живот: Ова е многу важно!

Помрачување на сонцето и на месечината

Фото: Getty Images

Од 5 јуни до 5 јули нѐ очекува коридор на помрачување

Коридорот на помрачување ќе почне на 5 јуни со помрачување на месечината, а ќе заврши со помрачување на сонцето на 21 јуни. Потоа, помрачувањето на сонцето отвора друг коридор, кој ќе трае до 5 јули.

Поради сето тоа, ќе дојде до голема количина на енергија што условува промени, а конечниот резултат ќе зависи од секој од нас, односно од тоа дали ќе можеме да ја искористиме таа енергија или не.

Многу е важно во текот на овој период внимателно да им пристапите на вашите цели, планови и постапки, бидејќи тоа многу лесно може да се одрази на периодот од наредните 18 години!

Двојните игри и двосмисленоста од кој било вид се многу опасни во овој период на коридор на помрачување.

На денот на помрачувањето на месечината, 5 јуни, треба да се ослободите и да исфрлите сѐ што е застарено: чувства, односи што не ви се потребни, грижи што долго време ве мачат, за да може на нивно место да дојде нова енергија.

Добро размислете за вашите цели и за тоа како да ги остварите, но не брзајте да ги остварите, туку почекајте да заврши овој коридор.

Погрешните одлуки донесени во овој период може да бидат фатални и нема да можат да се поправат. Поради тоа, треба да бидете особено внимателни, да се слушате себеси и своите желби.

Ако не го најдете одговорот во вашата душа, можеби овие цели и желби ви ги наметнуваат родителите, семејството или општеството и опкружувањето, па можно е да зажалите за донесените одлуки.

Целите мора да ви бидат конкретни, остварливи и релевантни.

Запишете ги мислите што ќе ви се појават за време на коридорот на помрачување, меѓу нив можеби се кријат идеи за иднината.

Не плашете се од помрачувањето, бидејќи тоа може да влијае врз подобрувањето на вашиот живот и да предизвика кардинални промени кои веќе одамна доцнат, а неопходни се за вашиот напредок.

Ноќта на 6 јуни е судбинска: Животот ќе се преврти наопаку за овие хороскопски знаци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.