Ноќта на 6 јуни е судбинска: Животот ќе се преврти наопаку за овие хороскопски знаци!

Моќта на полната месечина

Пет знаци особено ќе го почувствуваат овој тежок период

Појавата на полна месечина има силно глобално влијание и со неа се поврзуваат и голем број несреќи, активирање хронични болести и други негативни појави. Дури и потполно здравите луѓе ги чувствуваат последиците од полната месечина.

Тоа ќе се случи ноќта помеѓу 5 и 6 јуни, но пет хороскопски знаци особено ќе го почувствуваат овој период.

Најранливи се чувствителните Риби, особено затоа што месечината овој пат минува низ нивниот знак. На Рибите им претстојат настани што силно ќе влијаат врз нивната емоционална состојба. Ќе бидат подложни на промени во расположението, а ноќта на полна месечина, што и да планирале, на крајот ќе останат сами. Рибите се инаку склони на сонување и фантазирање, а полната месечина практично ќе ги принуди да се оддалечат од реалноста.

Следниот знак што ќе ја почувствува лунарната промена е Бикот. Претставниците на овој знак, исто така, се многу емотивни, но и многу подложни на туѓите мислења. Тие претерано се нервираат и многу се грижат и поради тоа нивниот нервен систем честопати е ослабен, а овој проблем особено се влошува за време на полна месечина. Стануваат депресивни и раздразливи. За овој знак прилично честа појава е зависноста од алкохол, а овој астролошки период ги прави особено подложни на пороци.

Раковите, од друга страна, за време на полната месечина може да имаат непријатни искуства што се однесува до здравјето, како што се краток здив и срцеви проблеми. Вообичаено хиперактивните Ракови за време на полната месечина доживуваат драстичен пад на енергија и депресија.

Полната месечина влијае врз здравјето и кога се Девиците во прашање. Кај нив, можно е генерално нарушување на здравјето, а особено покачен крвен притисок и проблеми со дишењето. Одговорните Девици обично внимателно се грижат за своето здравје, но како познат работохоличар, овој знак не се штеди себеси, па не е ни чудо ако дојде до здравствени проблеми. Полната месечина значително придонесува за тоа.

Силното влијание на полната месечина ќе го почувствуваат и Близнаците. Овој знак е природно поделен на двајца – денес е еден човек, утре некој сосема поинаков. Расположението постојано им се менува, како и начинот на размислување. Во периодот на полна месечина, тоа е особено опасно. За време на оваа лунарна промена, Близнаците се изложени на висок ризик од емоционална нестабилност, која честопати ги поттикнува на некои многу лоши и штетни потези.

Голем месечен хороскоп за ЈУНИ: Некому ќе му се обвистинат најголемите стравови, а на некој најлудите соништа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.