Трик што нема да ве чини ни денар: Спречете ги мувите да ви влегуваат дома со кеса со вода и монети! (ВИДЕО)

Пробајте!

Кога времето ќе се стопли, сите отвораме прозорци за да проветриме, но тогаш честопати се случува да ни влезат и здодевните муви…

Постојат различни начини за да се изборите со овие инсекти. Некои купуваат спрејови или таблети што ги оддалечуваат од нас. Некои, пак, се одлучуваат да се пресметаат со нив „еден на еден“.

Овој трик ќе ви помогне, а нема да морате да потрошите пари. Сепак, за овој трик ќе ви требаат неколку парички.

Потребни ви се пластична кеса, вода и монети. Наполнете кеса за замрзнувач со вода и ставете внатре шест монети.

По ова видео, реакциите на социјалните мрежи се разгореле, а луѓето задоволно ги споделувале своите искуства.

Објаснувањето за овој едноставен трик е тоа што мувите не сакаат вода. Течноста и монетите создаваат призма која проектира бои, а мувите имаат сложени очи поради што кесата со вода им изгледа поголема одошто навистина е.

Погледнете го видеото и пробајте го овој необичен трик…

Молците во кујната можат сериозно да ви го нарушат здравјето: Еве како да ги искорените еднаш засекогаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.