Молците во кујната можат сериозно да ви го нарушат здравјето: Еве како да ги искорените еднаш засекогаш!

Здравјето на прво место

Појавата на молци во кујната не е секогаш одраз на нечистотии или немарност на домаќинката, тоа е чест проблем во многу кујни

Молците во кујната се опасни по здравјето на луѓето: можат да предизвикаат алергии, разни болести, труење со храна и слично. Пробајте некој од докажанит е методи што ќе ви помогнат засекогаш да се ослободите од молците во кујната.

Главниот начин на уништување молци во кујната:

Во повеќето случаи инсектите влегуваат во кујната со храната купена во супермаркет или на пазар. Некои житарки не се обработуваат, туку се чуваат во заразени магацини. По пакувањето, молците лесно преживуваат неколку дена, па продолжуваат да се размножуваат и внатре во пакувањето.

Молците често се наоѓаат во брашно, пченични житарки, ориз. Не надминуваат големина од 3 до 4 милиметри, телото им е во кафеава или црна боја. Ако забележите такви штетници, веднаш фрлете го пакувањето. Не се обидувајте житарките да ги пржите на сонце или да ги „исчистите“ со раце.

Молците често оставаат јајца на ѕидовите на сувите и топли орманчиња, па по фрлањето на житарките, по некое време молците повторно се појавуваат.

Кога ќе фрлите сѐ од орманчето, задолжително измијте го орманчето со сапун, па премачкајте го со оцет. Оставете го добро да се исуши и пред повторно да складирате намирници во него, ставете неколку чешниња лук или лавров лист.

Молци во храната

Кога ќе влезат во кујната, паразитите брзо положуваат многу јајца во житарките, лебот, мешунките, оревите.

Па затоа, внимавајте редовно да ги чистите орманчињата каде што чувате леб, колачиња, житарки и зачини.

Проверете дали житарките ви се безбедни, така што ќе ги потопите во вода, доколку на површина испливаат црвчиња или молци, фрлете го сето тоа во корпа за отпадоци.

Како да го спречите ширењето на молци во вашата кујна:

1. Фрлете ги сите житарки, чаеви, зачини, брашно и бисквити заразени со молци.

2. Исчистете ги орманчињата со сапун, а потоа пребришете со алкохолен оцет.

3. Оставете ги орманчињата неколку дена отворени за добро да се исушат, а потоа во нив ставете чешниња лук.

4. За тоа време, чувајте ги житарките во замрзнувач, исто и брашното.

5. Кога ќе одлучите житарките и брашното повторно да ги чувате во орманчиња, ставете ги во стаклени тегли, редовно бришете ги орманчињата и внимавајте да не се појават молци.

10 работи што мора редовно да ги фрлате од дома: Извори на болести и зарази!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.