Топ 5 модни парчиња за ова лето: Белиот фустан и овој костим за капење се задолжителни!

Пролет/лето 2020

Нови, но и безвременски трендови

Практично го дочекавме, летото е зад аголот и без разлика што нема веднаш да ги спакуваме куферите, облеката ќе може да не телепортира каде што ќе посакаме!

Ви ги претставуваме основните парчиња што мора да ги имате – некои трендови се нови, некои се безвременски, а ви предлагаме и инспирација за стилизирање. Погледнете…

Бел фустан

https://www.instagram.com/p/B9sGqVijfzA/?utm_source=ig_embed

Немојте да се двоумите. Ниту една опасност од оставање флеки не е причина да се откажете од ова парче. Од спортски минималистички варијанти во стилот на раните двеилјадити до најромантични бохо-реинкарнации, белиот фустан е вистински знак на летото. Зошто да не набавите по еден за секој ден од неделата?

Костим за капење со висок изрез

https://www.instagram.com/p/B0Y8VgMizEM/?utm_source=ig_embed

Висината на струкот овде е помалку важна, исто како и тоа дали сте се одлучиле за едноделен модел или за бикини. Она што е важно е високиот изрез. Прифатете ги овие ретро вибрации кои ќе направат вашите нозе да изгледаат долги, долги, најдолги! Гласаме за еднобојни варијанти или за дискретни дезени или, пак, за „стреч“ (ако баш ве фатила носталгија за осумдесеттите).

Кошула со дезен

https://www.instagram.com/p/B_c-OlwjsiF/?utm_source=ig_embed

Едно од ретките парчиња што можат да се носат и дома и на песок и на асфалт. Сите варијанти со животински дезени, тропски мотиви и секако со линии се прифатливи. Не постои стајлинг што не можете да го изведете со соодветна шарена кошула. Впуштете се во авантура!

Крем блејзер

https://www.instagram.com/p/B-4um3snCpH/?utm_source=ig_embed

Температурите растат, но не се откажуваме од предимензионираните сакоа. Светлите нијанси на песок, млечно бела и најсветла ванила се доволни за да го претворат сакото во ултимативно парче за во град. За на работа носете го со бермуди од истиот материјал или со фустан, а за вечерно излегување со најкраткото здолниште или шорцеви и неизбежната кратка маичка. Можете да го носите од утро до мрак!

Фустан со цветен дезен

https://www.instagram.com/p/B8__oGwHD3N/?utm_source=ig_embed

Можеби не е револуционерно парче, но секако е ненадминливо, женствено и лесно – а тоа е токму тоа што високо котира кога е летната гардероба во прашање. Затоа ниту еден плакар не е комплетен без фустани со цвеќиња. Прескокнете ги драматичните дезени и комбинирајте ги со сандали што се врзуваат околу глуждовите.

Неочекувани летни правила: Вака ќе се облекуваме за време на претстојната сезона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.