Неочекувани летни правила: Вака ќе се облекуваме за време на претстојната сезона!

Трендови

Дизајнерите подготвиле неколку изненадувања

Летото само што не пристигна, па затоа навреме опремете го плакарот со најмодерните парчиња. Што се однесува до претстојната сезона, на располагање ќе ни бидат најразлични стилови и кроеви. Нема сомнеж дека секоја дама ќе најде нешто по свој вкус.

Некои од овие трендови не сме навикнати да ги гледаме во текот на летната сезона, но правилата во модната индустрија се менуваат, па во текот на сончевиот период ќе ги носиме овие парчиња…

1. Течно злато и сребро

Иако навикнати сме да ги гледаме овие светкави и металик бои во текот на зимската сезона, дизајнерите одлучиле дека се одличен избор и за лето. Предвид доаѓаат и стајлинзи во овие нијанси од глава до пети.

https://www.instagram.com/p/BzbEocVBrqp/?utm_source=ig_embed

2. Џинс од глава до пети

Комбинезоните од тексас веќе ги освоија срцата на трендсетерките.

https://www.instagram.com/p/B_nTZ1fD4r3/?utm_source=ig_embed

3. Мажествено

Костимите и елеците со мажествен крој дефинитивно ќе ја освојат модната сцена.

https://www.instagram.com/p/B_dBalVjq6W/?utm_source=ig_embed

4. Коноп наместо ремен

Оваа сезона ќе бидат модерни ремени кои повеќе потсетуваат на коноп. Модните експерти советуваат да ја нагласите половината со овој необичен додаток. Идеално одат со лелеави фустани.

5. Корсет врз маица

Трендот што или ќе го обожавате или ќе го одбегнувате секако е корсет врз маица. Ако ништо друго, сигурно ќе бидете забележани.

https://www.instagram.com/p/B3hIgt5BMUs/?utm_source=ig_embed

6. Карнери и лелеави модели

Фустаните што се движат во ритамот на ветерот ќе ги гледаме на секој чекор. Уште и ако имаат цветен дезен на нив, сте ги исполниле сите услови за трендовски стајлинг.

https://www.instagram.com/p/B-SExrbDjIV/?utm_source=ig_embed

7. Впечатливи модни додатоци

Правилото гласи: што повеќе модни додатоци, тоа подобро. Иако многу често можевме да ги чуеме модните експерти како велат дека минимализмот е подобра опција, оваа сезона изгледа го смениле мислењето. Ако сакате да ги следите трендовите, ставете многу накит на себе!

8. Враќање на 60-те и 70-те

Јакните инспирирани од 70-те со по малку остри кроеви повторно ќе станат актуелни. Доколку сакате полесни и удобни модели, овој тренд ќе ви се допадне. Освен нив, се враќа и бохо и хипи стилот кој е карактеристичен за периодот од 60-те и 70-те години.

https://www.instagram.com/p/Bzkfme_Bb5t/?utm_source=ig_embed

9. Бициклистички шорцеви

Вистински начин да ги нагласите нозете во прв план. Овој тренд од 90-те повторно се враќа и се носи апсолутно со сѐ!

https://www.instagram.com/p/B_5iJN7jLvV/?utm_source=ig_embed

Како да го носите новиот летен тренд: Најмодерен шорц сезонава се бициклистички!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.