Како да го носите новиот летен тренд: Најмодерен шорц сезонава се бициклистички!
Бициклистички – шорц што беше популарен во 1990-тите години, пред неколку сезони повторно ги актуализира Ким Кардашијан, а од неодамна ги прифатија и другите познати личности, како Бела Хадид, Зои Кравиц, Џенифер Лопез, Емили Ратајковски, Кендал Џенер, кои сега обожаваат да ги носат.
Инаку, овој тренд е познат и како омилен на принцезата Дајана, која ги комбинираше во многу модни комбинации.
Бициклистичките одлично одат со широк дукс и предимензионирани патики, но доста популарни се и во изданието што го промовира Ким Кардашијан, со елегантни високи потпетици или сандали, па така можат да се носат и за вечерно излегување.
Денес, бициклистичките се добра замена за мини-здолниште, бидејќи се многу поудобни.
Затоа, препуштете ѝ се на имагинацијата кога ќе осмислувате стајлинг со бициклистички, бидејќи дефинитивно се тренд број 1 за лето 2020, така што со нив нема да згрешите!
Кардиган, машка маица, топ, кошула, сако, тексас јакна – сето тоа може да биде совршен додаток на вашата комбинација со бициклистички. Изберете тренди-обувки и впечатлив накит и нема да згрешите!
View this post on Instagram
And just like that we need bangs and a white crop top. rg @phoebetorrance
Фото: Getty Images, Instagram
Текст: „Убавина и здравје“