Напивка чија ефикасност ја гарантира Меланија Трамп: Го намалува апетитот, желбата за благо и го забрзува слабеењето!

Трик за топ-форма

Меланија открила мал трик со кој ја одржува својата совршена линија

Со оглед на тоа што е поранешна манекенка, не е ни чудо што првата дама ги знае сите мали трикови за одржување вита линија. Иако од манекенската кариера се откажала пред речиси 2 децении, нејзината линија и денес, кога има 50 години, е совршена.

Се запрашавме која е тајната на топ-формата на Меланија Трамп и откривме дека станува збор за едноставна навика што секој од нас може да ја примени.

Иако Меланија внимава на својот изглед, нагласува дека не оди до крајност.

„Живеам здрав живот, се грижам за кожата и телото, но не претерувам во ништо.“

Вели дека за нејзината вита линија заслужна е напивката со која го започнува секое утро. Смудито од омилените состојки ѝ дава доволно енергија за цел ден и ја држи сита многу долго. Оваа напивка е одлична за контролирање на апетитот, но и за покренување на процесот на слабеење поради своите состојки.

Освен тоа, секогаш има потреба за благо и почувствува напад на глад, таа го приготвува овој пијалак.

„Кога ќе почувствувам потреба за благо, ја правам оваа напивка и желбата ми поминува. Многу ми користи во оваа ситуација“, рекла таа.

Вака изгледа рецептот за смуди чија ефикасност ја гарантира Меланија Трамп…

Состојки:
  • свеж спанаќ
  • целер
  • морков
  • боровинки
  • јаболка
  • цеден портокал
  • цеден лимон
  • јогурт со малку масти
  • неколку капки маслиново масло
  • чија семе
  • витамин Д во капки

Ставете ги сите состојки во блендер додека добиете изедначена смеса и напивката е спремна за консумирање.

Што се однесува до остатокот од денот, таа се обидува да јаде многу овошје, бидејќи е богато со витамини и минерали, вклучувајќи и фолат, витамин Ц и калиум, а богато е и со влакна, што помага во одржувањето здрави црева.

Светската здравствена организација препорачува да се јадат најмалку 400 г овошје дневно за да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви болести, мозочен удар и некои видови рак.

Моќна комбинација: Почнете го секој ден со оваа напивка и за една недела нема да имате ни грам сало на стомакот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.