Ова се главните причини зошто вашата коса постојано се мрси

Мрсната коса е проблем со кој се соочуваат многу жени. Ова е предизвикано од прекумерно лачење на себум, заштитниот слој на корените на косата, на кој може да влијаат одредени животни навики.

Проблемот со мрсна коса може да се реши, и еве каде грешите:

Ја миете косата со врела вода

Не велиме дека треба да ја миете со студена, но претоплата вода го оштетува скалпот и испраќа сигнал до жлездите да лачат уште повеќе маснотии. Најдобро е да ја измиете косата со млака вода.

Ја миете косата секој ден 

Нема да се ослободите од мрсната коса ако ја миете секој ден, всушност, тоа само дополнително ќе го стимулира лачењето на маснотиите. Секојдневното миење го суши скалпот, со што косата станува уште помасна.

Претерувате со регенераторот

Тој треба да се користи внимателно и не треба да се нанесува на скалпот. Сè што ви треба е мала количина за масажа на врвовите, а потоа добро исплакнете со млака вода.

Претерувате со производи за стилизирање на косата

Производи како лак или гел за коса ќе помогнат во стилизирање и фиксирање на вашата фризура, но поради хемикалиите во нив, вашата коса ќе се измасти многу побрзо.

Не ја миете четката за коса

Четката за коса што ја користите секој ден исто така може да биде една од причините за мрсна коса. Ако не ја миете редовно, на неа се акумулираат слоеви на нечистотија кои остануваат во косата.

Постојано ја допирате косата

Ако постојано поминувате со прстите низ косата, треба да ја промените таа навика што е можно поскоро. Рацете се валкани и често се испотени, па сè на нив останува на косата и ја прави мрсна.

Прочитајте и: Трик кој штеди пари: Коса до 3 нијанси посветла без одење на фризер!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.