10 супернамирници што би било добро да ги вклучите во исхраната на вашето дете

За подобро здравје на вашето дете

Без разлика дали вашето дете штотуку почнува да јаде цврста храна или веќе добива помали порции од она со кое вие се храните, јадењето здрава храна уште од млада возраст прави добра основа за остатокот од животот.

Затоа, треба да бидете сигурни дека секој оброк што ќе му го дадете е богат со хранливи материи што му се потребни за правилен развој.

Најдобро е да ги внесете следниве 10 супернамирници во исхраната на вашето дете со тоа што првично ќе ги додадете во мали количини во неговите веќе постоечки оброци, за подоцна да го направите целиот оброк од нивна комбинација.

Домати

Покрај тоа што се вкусни и сакани од повеќето деца, доматите се полни со антиоксиданти и се добар извор на витамин Ц кој е потребен за правилен развој на вашето дете.

Јаболка

Децата кои јадат јаболка се поздрави и имаат помалку проблеми со прекумерната телесна тежина, според една нова студија. Пирето и сокот од јаболко се здрави, но најдобро е да се даде целото јаболко. Обидете се да му дадете парчиња јаболко со кашкавал како закуска или запознајте го детето со навика да јаде јаболко веднаш по сендвичот.

Брокула

Повеќето деца сакаат да јадат брокула ако им се каже дека се мали стебла на дрво. Брокулата е добра во борбата против кашлицата, настинките и вирусите затоа што содржи големи количини на витамини А и Ц, кои го зајакнуваат имунитетниот, а покрај тоа содржи и многу други хранливи материи.

Јајца

Јајцата се едни од ретките природни намирници кои содржат витамин Д потребен за одржување на здравите коски и заби, а исто така се добар избор за појадок, особено затоа што има неколку начини како да ги подготвите и да ги направите интересни за вашето дете.

Овесна каша

Повеќето родители на своите деца им даваат житарици за појадок, но бидејќи тие се полни со шеќер, тоа не е баш најдобриот избор. Овесната каша подолго се вари, така што шеќерите што ги содржи се ослободуваат побавно и ја одржуваат енергијата на вашето дете подолго.

Прочитајте и: 3 домашни лекови што можете да му ги дадете на детето кога ќе тргне во градинка: За силен имунитет и тело отпорно на вируси!

Остатокот од текстот прочитајте го на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.