Обезбедете му ја најдобрата заштита на вашето детенце

Нега на атопична и осетлива кожа

Фотопротективниот лосион за атопична кожа HELIOCARE 360º во форма на спреј со СПФ 50 е широкоспектрален фотопротективен препарат, кој содржи хипоалергиска формула, тестирана на атопична и осетлива (сензитивна) кожа, особено за децата над 2 годишна возраст.

Содржи фотопротективни филтри, но и аргинин и глицерин, кои дејствуваат хидратантно и ја одржуваат функцијата на здрава бариера на кожата, која е нарушена кај осетливата, атопична кожа.

HELIOCARE 360º педијатрискиот атопичен лосион во форма на спреј ги задоволува најстрогите барања за фотозаштита.

Содржи специфичен филтер Fernblock®+, кој овозможува фотозаштита на кожата, нејзино обновување и моќна антиоксидативна активност, а кој штити од четирите типа зрачење (УВА, УВБ, видливо и инфрацрвено зрачење), со истовремено неутрализирање и обновување на штетите на кожата, предизвикани од сончевите зраци.

Формата на спреј овозможува соодветно и правилно дозирање, како и олеснета апликација.

Исклучително нежна формулација, која лесно и рамномерно се нанесува на кожата, формирајќи заштитен, водоотпорен слoј (филм) на кожата.

HELIOCARE 360º воден гел

Фотопротективниот воден гел на HELIOCARE 360º со СПФ 50+ е со ултралесна, некомедогена водена формула, која за многу кратко време се впива, оставајќи ја кожата хидрирана и обезбедувајќи комфорт во текот на целиот ден, а особено за време на сончање.

По нанесувањето, HELIOCARE 360º водениот гел со СПФ 50+ формира тенок, заштитен водоотпорен филм со проѕирен изглед, врз кој може да се нанесе и декоративна шминка.

Заштитниот филм еднакво штити и од сончевите зраци, но и од загадувањата од воздухот. Речиси незабележителниот проѕирен филм го прави HELIOCARE 360º водениот гел со СПФ 50+ одличен избор за секојдневна употреба и за мажите.

Системот за хидратација на кожата е со продолжено ослободување, овозможувајќи максимална хидратација на кожата до 24 часа.

HELIOCARE 360º  водениот гел со СПФ 50+ ги задоволува највисоките фотопротективни стандарди, а содржи специфични филтри Fernblock®, како и активни состојки со што ја обновуваат кожата, односно дејствуваат моќно антиоксидативно.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.