Да ги решиме дилемите за заштита од сонце

Иако морето сѐ уште ни е далеку, со доаѓањето на потоплото време треба да се потсетиме на штетното влијание на сонцето врз кожата и веднаш да примениме заштита. Немаме сите исти потреби и очекувања, па затоа изберете производ Vichy што ќе одговори на вашите проблеми.

Прашање: Многумина употребуваат заштитно средство само на плажа… Дали се препорачува за секојдневна употреба?
Кога одиме со велосипед на работа или се шетаме или ги носиме децата на игралиште, не сакаме да се оптоваруваме со чувството на тежина и блескавост што го предизвикуваат одредени заштитни средства. Затоа, луѓето често не се заштитуваат кога се изложуваат на сонце во секојдневието.

Наш предлог за идеално средство за лице и тело е Vichy Capital Soleil, SPF 30 и SPF 50. Станува збор за иновативниот млечен гел на „Виши“, достапен со фактор 30 и 50 за заштита од сонце, кој може да се нанесе и на влажна и на сува кожа.

Формулата осигурува висока заштита, без да остава бели траги на вашата кожа.

Мажите исто така ќе ги ценат леснотијата на неговата примена и фактот дека по апликацијата не останува бела мрсна трага, дури и на влакнестите делови на кожата.

Каде и кога: нанесете го на целото тело, без разлика дали е влажно или суво.

Брзото впивање на млечниот гел е идеално ако планирате да го поминете денот во град или во вода и на плажа.

ПРАШАЊЕ: Дали на децата им е потребна посебна заштита?
Детската кожа е поосетлива од кожата на возрасните, затоа заштитувајте ги саканите со крем за сончање што им одговара.

Погоден за скокање на плажа и на бранови или надвор од нив, заштитниот фактор 50 за деца на „Виши“ во форма на спреј и млеко е направен да биде отпорен на вода и лесно да се апсорбира во кожата – со што апликацијата е лесна дури и за најпалавите.

Кога и каде: секогаш кога кожата на вашите деца е изложена на УВ-зраци, без разлика дали е на плажа или во спортски денови на училиште.

ПРАШАЊЕ: Дали ќе добиеме убава боја доколку користиме средство со висока УВ-заштита?
Да! Високиот фактор за заштита ќе ви го овозможи тоа многу понежно, а бојата ќе ви се задржи подолго.

УВ-зраците што допираат до кожата се доволно силни за да стимулираат производство на меланин, кој е одговорен за потемнувањето на кожата.

Средствата за заштита од сонце ја штитат кожата од изгореници и други оштетувања, како предвременото стареење.

Затоа, треба да користиме средство секој ден, вклучувајќи и при сончање на плажа. Постојат и фантастични средства со многу лесни и пријатни формули, висок заштитен фактор, кои го промовираат потемнувањето.

Наш предлог: Solar Protective Water, Vichy Capital Soleil, SPF 30. Производот е со иновативна водена текстура – исклучително лесна, исклучително свежа.

Висока УВ-заштита, со чувство на свежа чистота и удобност, нелеплива и немрсна текстура, која не остава бели белези.

Каде и кога: нанесете ја на целото тело. Се препорачува кога сакате да ја заштитите вашата кожа кога се сончате или од изложеност на сонце за време на вежбање.

 

ПРАШАЊЕ: Како најдобро да го заштитиме лицето од штетното влијание на сонцето?
Кожата на лицето е прва на удар на сонцето, не само на плажа и во вода, туку во текот на целата година, целиот живот…

Кога ќе ја споредиме структурата на кожата на лицето и телото ќе воочиме дека кожата на лицето е многу потенка, поосетлива и склона кон пукање. Од друга страна, порите на лицето се многу посклони кон замастување и појава на неправилности.

Затоа медицинската козметика Vichy има решение за врвна нега според вашите потреби и сигурна заштита од сонцето. Крем за заштита од сонце против темни дамки со заштитен фактор, кој не само што ги спречува да се формираат туку и ги отстранува и ги покрива постојните додека матирачката корективна нега „Виши“ за заштита од сонце со СПФ 30 содржи салицилна киселина, која ја подобрува состојбата на митесерите.

Препорачуваме секогаш крај себе да имате и термална вода „Виши“, која не само што ќе ви обезбеди хигиена, нега и заштита на кожата на лицето, туку и неверојатно чувство на свежина. Само распреснете и почувствувајте!

Каква е ситуацијата со природните СПФ-препарати?
Природните средства се всушност минерални препарати во чиј состав мора да има титаниум диоксид и цинк оксид. Овие материи се задржуваат на површината на кожата формирајќи заштитна бариера.

Тоа значи дека овие производи создаваат нежна, но сигурна одбранбена бариера. Генерално, природните СПФ-средства ги блокираат сончевите зраци и не влегуваат во штетни хемиски реакции кои посебно ја иритираат осеттливата кожа и резултираат со појава на алергии.

Фoто: Guliver/Getty Images, PR

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време