Кој ја примил оваа вакцина како дете, заштитен е од коронавирус?

Американските и британските научници откриваат

Научниците се позитивно изненадени од новите податоци на истражувањата

Ново истражување покажува дека во земјите каде што луѓето примаат вакцина БЦГ по раѓањето, има помала смртност од коронавирусот.

Оваа вакцина создава имунитет против туберкулоза, но се’ уште не е јасно како помага за борба против коронавирус.

Имено, земјите во кои е задолжителна оваа вакцина, имаат десет пати помала смртност од вирус КОВИД-19, за разлика од земјите во кои таа вакцина не се применува.

Овие податоци се резултат на истражување што го спровеле американските и британските научниците, а резултатите биле претставени пред неколку дена.

Американско-британското научно истражување ја следело смртноста од корона во 178 земји, во период од 15 дена, односно од 9 до 24 март. Бројките на крајот покажале дека појавата на КОВИД-19 во земјите каде што не се прима задолжително вакцината БЦГ е поголема одошто во земјите каде што се применува, но и дека смртноста во земјите што ја даваат вакцината е десет пати помала за разлика од оние во кои не се применува оваа пракса.

Доктор Ашиш Камат, американски онколошки хирург, кој работел на ова истражување, рекол дека ги чекаат резултатите за тоа колку е заштитно влијанието на БЦГ во случај на коронавирус, но овие показатели што ги дало истражувањето се пријатно изненадување. Последниве недели, токму вакцината БЦГ се спомнува како еден од значајните потенцијални кандидати, врз основа на чиј состав би можело да се создаде вакцина за КОВИД-19.

БЦГ вакцината е предмет на истражување и се смета за кандидат за спас од коронавирусот, па во Австралија се спроведуваат клинички испитувања на 4.000 луѓе. Целта им е да покажат колкав заштитен ефект навистина има БЦГ во случај на КОВИД-19, но каков и колкав е тој ефект во нации каде што луѓето се вакцинираат како деца, и понатаму никој не може да каже со сигурност. Ниту спроведеното истражување за смртноста во 178 земји не изнесува никакви сигурни заклучоци, но секако ја истакнува можноста дека токму БЦГ одиграла голема заштитна улога во многу држави.

Токму затоа, доктор Камат има ново истражување во план, и тоа на илјада здравствени работници кои би примиле БЦГ вакцина. Тоа би биле здравствените работници кои се изложени на најголем ризик од зараза со коронавирус, како што се оние кои работат во итните служби.

„Вакцинацијата во детството никако не значи доживотен имунитет, но постојат тестирања што можат да покажат дали некој и по одреден број години по примањето БЦГ вакцина е и понатаму имун. Знаеме дека податоците од нашето истражување се само темел за понатамошни истражувања и дека се однесуваат само на еден пократок временски период, но сепак означуваат некаков тренд кој покажува дека постоењето на БЦГ вакцина има голема улога“, смета доктор Камат.

Неговиот став е дека тестирањата, кои покажуваат дали некој има имунитет уште од детството, можат да бидат искористени така што повторно ќе се вакцинираат одредени групи жители, како што се оние луѓе кои се изложени на поголем ризик од зараза со коронавирус.

Но истакнува и дека треба да се одработат сите клинички истражувања, за кои потребно е одредено време, па дури потоа може да се донесуваат конечни заклучоци и да се одредуваат понатамошните насоки.

Истражувањето што го спровел доктор Ашиш Камат, заедно со колегите од други земји, не е единственото што укажува на БЦГ вакцината како можна заштита од коронавирус. Пред неколку дена, и њујоршкиот институт за технологија ги претставил резултатите од своите истражувања. Тие покажуваат дека државите кои имаат задолжителна програма за вакцинација (вклучувајќи ја и БЦГ), како што се Јапонија или Бразил, се далеку помалку погодени од заразата со коронавирус, за разлика од државите кои не ја спроведуваат вакцинацијата според задолжителна програма.

Температурата и кашлицата може воопшто да не се појават: 4 помалку познати, но сигурни индикатори за коронавирусот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.