Руски доктор: Еве зошто содата бикарбона е лек на 21 век!

Цврсто верува во нејзината моќ

Тој препорачува да се зема сода наутро и навечер на празен стомак, 20-30 минути пред јадење

Професор Иван Павлович Неумивакин во својата книга „Сода. Митови и стварност“, како и за време на негови предавања, постојано зборува за лековитиот потенцијал на содата бикарбона и верува дека овој бел прав е лекот на 21 век.

Овој доктор ги проучувал искуствата на многу научници и истражувачи и со повеќемилионска публика ја споделил својата методологија на лечење заснована на употребата на сода бикарбона.

Професорот препорачува да се зема сода наутро и навечер на празен стомак 20-30 минути пред јадење. Препорачливо е да се земе уште еднаш попладне. Сепак, професорот Неумивакин не препорачува веднаш да се почни со големи дози.

„Почетната доза може да биде половина лажичка сода бикарбона, растворена во топла вода или во млеко (1 лажица). Три дена земајте сода, па направете три дена пауза“, препорачува докторот.

Ако телото нормално го прифати таквиот третман, дозата може да се зголеми на 1 лажиче. Повторно земајте ја 3 дена, па направете исто толку пауза.

Многу луѓе сега страдаат од зголемена киселост (ацидоза) поради присуство на отрови во храната, воздухот и водата, вклучувајќи и пестициди. Менталните нарушувања, како што се страв, анксиозност, иритација, депресија, гнев, завист или омраза, исто така предизвикуваат ацидоза и само-труење на телото. Долгата употреба на лекови, исто така, негативно влијае врз киселоста на дигестивниот систем.

Како содата се однесува во човечкото тело?

Поради неутрализацијата на киселоста, содата бикарбона придонесува за одржување нормална ацидобазна рамнотежа и за зголемување на алкалните резерви во телото. Со употреба на сода можете да ги прочистите крвните садови, да ги отстраните киселините во црниот дроб и бубрезите и во гастроинтестиналниот тракт, тврди професорот. Тој додава дека ако малку ја пречекорите дозата, може да дојде до лаксативен ефект.

Професорот тврди дека содата им помага на клетките да ја обноват енергијата и дека им помага на биохемиските процеси да ја зголемат хемодинамиката. Исто така верува дека позитивно влијае врз подобрувањето на апсорпцијата на кислород во ткивата. Како резултат на тоа, се подобрува здравствената состојба и се зголемуваат менталните и физичките способности.

Со неутрализација на киселоста, доктор Неумивакин тврди дека урината станува алкална, што ја олеснува работата на бубрезите, спречувајќи го создавањето камен и штедејќи физичка и ментална енергија.

„Цревата подобро ќе работат ако земате сода бикарбона со топло млеко, бидејќи така настануваат алкални натриумови соли на аминокиселините, па нивната апсорпција во крвта ќе биде побрза и полесна“, вели професорот.

Тој вели и дека содата бикарбона е неизоставна во процесот на отстранување тешки метали од телото: жива, олово, бариум, кадмиум, талиум, како и отстранување на изотопи и спречување на инфекции на телото од зрачење. Покрај тоа, содата ги раствора сите наслаги кои се штетни за зглобовите и ’рбетниот столб, помага во борбата против остеохондроза, полиартритис и гихт, реума, уролитијаза и колелитијаза.

Напомена: Пред секоја примена на природни лекови, посоветувајте се со вашиот лекар!

Терапија со сода бикарбона: Ги прочистува дишните патишта и ја смирува кашлицата во рекорден рок!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.