Кејт Мидлтон е пример за елеганција и софистицираност, а вака изгледа во домашно издание

Ќе ве воодушеви нејзиниот моден избор

Мерките за заштита од коронавирусот потполно го променија нашето секојдневие.

Естрадните уметници ги откажаа своите настапи и концерти, а некои од познатите своите обврски ги завршуваа од дома преку видео – повици.

И британското кралско семејство ги почитува мерките за изолација, па принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заедно со своите деца се разделени од останатите членови на кралското семејство.

Меѓутоа, тие кралските обврски ги спорведуваат од својот дом, Така, деновиве кралскиот пар се обрати на едно училиште во Лондон чии родители на учениците се здравствени работници.

Вилијам и Кејт им ги честитаа велгиденски празници на католичките верници.

Многумина забележаа како Кејт е облечена за оваа прилика. Мидлтон за оваа потреба одбра комбинација во која никогаш не би се појавила во јавност, односно фармерки и жолта блуза со широки ракави.

Нејзините фанови коментираа дека и во вакво издание таа изгледа елегантно и е пример за стилизирана дама.

За потсетување, кралицата Елизабета секоја година за Велигден оди во дворецот Виндзор, но овој пат таа замина порано бидејќи беше потврдено дека вработен во нејзината палата е позитивен на корона.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.