Температурата и кашлицата може воопшто да не се појават: 4 помалку познати, но сигурни индикатори за коронавирусот!

Обрнете внимание

Еден од нив ја покажува напредната фаза на вирусот Ковид-19.

Коронавирусот има два главни симптоми: висока температура и сува кашлица. Како што напредува пандемијата, лекарите откриваат сè повеќе начини на кои може да се манифестира болеста, а се појавуваат помалку очигледни сигнали.

„Ова се оние што ги нарекуваме „атипични симптоми“, но тие се почести отколку што првично мислевме. Ги видов овие симптоми кај пациенти од прва рака“, вели д-р Асиф Мунаф.

“Тие можат да укажат на почетокот на болеста или може да бидат примарни симптоми на инфекцијата.”

Губење вкус или мирис

Медицински познат како аносмија, исчезнувањето на сетилата за вкус и мирис може да укаже на тоа дека сте заразени со коронавирусот. Д-р Даниел Аткинсон предупредува:

„Бидејќи ова не е широко пријавен симптом, луѓето веројатно не сфаќаат дека го имаат вирусот и се смета дека се поврзани со подоцнежна фаза на короната“.

Клер Хопкинс, претседател на британското ринолошко друштво, го проучила симптомот на аносмија:

„Сметаме дека загубата на мирис се јавува најчесто кај луѓе со лесна болест. Нашите студии го пронајдоа симптомот кај двајца од тројца пациенти, така што се чини дека е добар показател“.

Свеста за овој индикатор е од витално значење бидејќи може да биде вашиот единствен симптом.

„Сега гледаме луѓе кои се позитивно тестирани за болеста, само со губење на чувството за мирис како симптом“, вели Хопкинс, додавајќи: „Се чини дека е почеста кај помладите луѓе во поблага фаза, но овој симптом едноставно може да се занемари кога има сериозни респираторни проблеми.”

Прочитајте и: Овие две работи драматично го влошуваат коронавирусот и го забавуваат заздравувањето: Опасност и за луѓе без хронични заболувања!

Замор и болки во телото

Престојот дома заради изолацијата несомнено може да ве натера да се чувствувате летаргично, но силниот недостаток на енергија може да значи дека имате коронавирус. Д-р Арагон Џузепе, општ лекар, објаснува:

„Ако одеднаш се чувствувате уморни и ви енапорно да ги извршувате дневните задачи, треба да се изолирате, затоа што тоа може да значи дека сте заразени. Заморот може да биде симптом на широк спектар на болести и настинки. Сепак, може да значи дека имате КОВИД-19″. вели таа.

Чувството на малаксаност може да биде придружено со болка и чувство на тежина во екстремитетите.

Д-р Аткинсон објаснува: „Пациентите можат да имаат болка во грлото или главоболка. Всушност, и самото движењето на очите може да биде доста болно”.

Остатокот од текстот прочитајте го на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.