Можеме ли наскоро да престанеме да носиме маски?

Што велат експертите?

Маските за лице станаа чест дел од животот уште од почетокот на пандемијата на вирусот КОВИД-19. И сигурно се прашавте многу пати: кога всушност ќе престанеме да ги носиме?

Д-р Катлин Џордан, доктор по интерна медицина и специјалист за инфективни заболувања истакнува дека маските се наједноставниот начин да ги направите сите ваши активности додека го ублажувате понатамошното ширење на коронавирусот – имајќи предвид дека стапките на случаи ширум светот сè уште се високи. Носењето маски ќе продолжи сè додека значително не се намали пренесувањето на болести во заедницата.

Д-р Џордан вели дека локациите со голема стапка на инфекција или места како домови за стари лица, болници, аеродроми и училишта ќе треба да користат маски уште долго време.

Ерика Шварц, доктор по медицина, специјализирана за превенција на болести, истакна дека луѓето веќе се движат во насока на отстранување на маските и станување полабави во однос на нивната употреба – особено поради убавото време и вакцинациите.

Дали и колку долго ќе се носат маските е важно прашање и тема на многу разговори. Експертите сè уште се воздржуваат од давање конечна временска рамка кога би можеле да се вратиме на живот без маски бидејќи ситуацијата со коронавирусот се менува од ден на ден.

Прочитајте и: Истражувањето потврди: Бремените жени и бебињата заразени со Ковид-19 се повеќе склони кон сериозни компликации

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.