Трик на нашите баби за ефикасно отстранување на жолтите дамки од пот: Вака најлесно ќе се ослободите од непријатните мириси

Брзо и ефикасно

Бабите се колнат во овој трик!

Влажните дамки на грбот и под пазувите и нивниот непријатен мирис, предизвикуваат непријатност, но најлошо е што тие непријатни мириси честопати остануваат на облеката, како и жолтите дамки, дури и по перењето.

Белата облека секогаш најлошо проаѓа кога станува збор за флеките, а се чини дека вообичаените методи на чистење не дејствуваат секогаш.

За среќа, и за овој проблем постои едноставно решение.

Сè што ви треба за овој трик е:
  • 1 дл алкохолен оцет
  • 2 кесички сода бикарбона
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче хидроген пероксид
  • 2 чаши топла вода

Во подлабок сад измешајте оцет и топла вода, па потопете ја облеката.

Измешајте сода бикарбона, сол и хидроген пероксид, па мешајте додека добиете хомогена паста.

Извадете ја облеката од растворот, добро исцедете ја, па покријте ја флеката со оваа паста и оставете ја така најмалку 20 минути.

Откако облеката ќе отстои, исперете ја на вообичаениот начин и сите дамки и непријатни мириси ќе исчезнат.

Во машината за алишта треба да ставате тениско топче, но никогаш обувки: Експерт открива 7 трикови за перење облека!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.