Во машината за алишта треба да ставате тениско топче, но никогаш обувки: Експерт открива 7 трикови за перење облека!

Ќе ги обожавате

Постои трик никогаш да не ви се обои облеката

Експертот за хемиско чистење Вил Лангстон од Велика Британија ги руши сите митови за перењето и дава бесценети совети што ќе ви ги сочуваат облеката и обувките.

1. Дали обувките треба да ги перете во машина за алишта?

Многумина се одлучуваат за ова решение – ставаат патики или нежни чизмички во машина за алишта, ги перат на нежна програма и проблемот со перење осетливи обувки е решен.

„Строго советуваме никогаш да не го правите ова. Топлината на водата во машината може потполно да го уништи лепилото на обувките што ги држи сите делови заедно, а машинското перење може и потполно да го деформира обликот на обувките. Постои уште една непријатна можност – обувките може да се смалат и за неколку броја, во зависност од тоа од кој материјал се направени“, вели Лангстон.

2. Дали белото вино отстранува флеки од црвено вино?

Дефинитивно не, уверува експертот.

„Облеката со флеки од вино најдобро е да се потопи во оладена вода, а претходно да се нанесе течен детергент на дамката. Откако флеката ќе исчезне, исперете ја на вообичаениот начин.“

3. Зошто треба да ставите тениско топче во барабанот пред перење?

Овој трик ќе ги направи вашите пешкири помеки и понежни, вели Лангстон.

4. Дали повеќе прашок значи почиста облека?

Апсолутно не.

„Максимумот детергент во преградата е означен со причина. Освен тоа, вишокот детергент може да ви направи проблем, вклучувајќи и бели флеки на облеката, чудни миризби, но и затнат одвод“, смета експертот.

5. Дали машината треба да се чисти?

Сите веруваме дека машината додека ја пере облеката, се пере и самата. Но машината сепак би требало да се пере и празна, и тоа максимум на секои 6 недели на најтоплиот и најдолгиот циклус на перење.

„За да бидете сигурни дека сте ги уништиле сите бактерии, додајте малку оцет или избелувач“, советува Лангстон.

6. Дали ладното перење е подобро за животната околина?

Да, а притоа на одредени материјали воопшто не им треба врела вода.

„За пешкири, постелнина и долна облека се препорачува што потопла програма, за да се уништат бактериите, а за сè друго – не. Ладното перење е одличен начин да го спречите загадувањето на околината, но и да заштедите струја – 90% од струјата машината ја троши за греење вода, а само 10% за перење. Исто така, ладното перење повеќе ви ги зачувува работите, бојата помалку избледува, облеката не може да се собере и да се истанчи. Во ладна вода слободно можете да перете облека во секакви бои – нема шанси некој да пушти боја и да обои сè останато“, објаснува Лангстон.

7. Дали детергентот ги убива бактериите на облеката?

Не, а тоа не го прави целосно ни високата температура.

„Единствениот сигурен начин да ги убиете сите бактерии е да додадете избелувач на база на хлор или масло од боровина пред перењето. Облеката одлично се дезинфицира и во машина за сушење облека“, заклучува експертот.

Најчестите грешки што ги правиме при перење облека
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.