Останал без жена му и сам храбро се грижел за двете ќерки: 45 години подоцна им открил ужасна тајна и колабирал!

Нема да ви се верува

Кога ја дознале вистината, целиот свет им се срушил

Австралиецот Џефри Адамс од Пенсилванија 45 години ја чувал најголемата и најужасната тајна што еден човек може да ја има.

Во 1973 година останал без сопругата Колин. Откако ја родила втората ќерка Каја (веќе имале тригодишна ќерка Мери) Колин наводно паднала во постпородилна депресија, пресекла со стариот начин на живот и ги напуштила.

Нејзиното семејство било загрижено некое време, но Џефри ги уверил дека Колин сигурно е на некое подобро место, бидејќи тука немале ни пари, ни автомобил, ни телевизор, ништо. Само куќичка во која едвај сврзувале крај со крај.

Меѓутоа, тој ги засукал ракавите и храбро се грижел за ќерките. Сè до 2018 година, Џефри имал сосема солиден и убав живот со ќерките, кои во меѓувреме се отселиле, а потоа и тој морал да отиде во старечки дом. Тогаш била откриена вистината.

Вистината испливала на површина кога новите сопственици на куќата го прекопувале дворот.

Новите сопственици на куќата го прекопувале дворот и во него нашле нечии коски! Полицијата била алармирана, потоа и форензичарите и било утврдено дека ѝ припаѓале на Колин Адамс. Полицајците го посетиле Џефри во домот и тој во друштво на расплаканите ќерки, признал сè. Од големата возбуда колабирал на подот.

„Колин во тој период од животот беше невозможна. Сиромаштијата ја уништи. Постојано ми приговараше, се лутеше за сè, ме тераше да се грижам за девојчињата. Си помислив дека ако ова е тоа што ме чека до крајот на животот, стареење со ваква личност, подобро некој од нас веднаш да го напушти овој свет. Многу ги сакав Мери и Каја. Можеби и навистина повеќе од неа тогаш. Пресеков и ја удрив со лопата два пати во главата. Ја убив и ја закопав во дворот“, признал Џефри Адамс.

Ќерките не само што доживотно ги повредила тајната на татко им, туку биле и во шок што целото детство си играле на мајчиниот гроб во дворот.

Џефри Адамс починал неодамна. Се разболел од рак во затвор. Цимерите велат дека го убила тагата што ќерките никогаш не му го простиле тој злочин.

Неверојатен глас на возрасна жена во тело на девојче: Трагедијата на Џуди Гарланд
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.