Неверојатен глас на возрасна жена во тело на девојче: Трагедијата на Џуди Гарланд
„Дали знаете колку е тешко да се биде Џуди Гарланд? И да живеам сама со себе?“
Филмот „Џуди“ ја прикажува последната серија распродадени настапи на Гарланд во Лондон, во клубот Talk of the Town во текот на 1969 година. Само неколку месеци подоцна, Џуди починала од предозирање со опијати, во 47-тагодина од животот.
Животот на славната актерка Џуди Гарланд, чиј лик го толкува Рене Зелвегер во филмот „Џуди“, за која улога е номинирана за „оскар“, не бил нималку лесен, а патот до дома сигурно не вклучувал едноставно потчукнување на црвените чевлички, како во филмот „Волшебникот од Оз“.
Нејзиниот живот бил целосно управуван од холивудската сурова машинерија и слободно може да констатираме дека тоа е она што ја уништило.
Дали знаете колку е тешко да се биде Џуди Гарланд? И да живеам сама со себе?“ ќе изјави ѕвездата во едно интервју во 1967 година.
Филмот „Џуди“ ја прикажува последната серија распродадени настапи на Гарланд во Лондон, во клубот Talk of the Town во текот на 1969 година. Само неколку месеци подоцна, Џуди починала од предозирање со опијати, во 47-тагодина од животот.
Потекнувала од „растурен“ дом
На 10 јуни, 1922 година се родила Френсис Етел Гам во Гранд Рапидс, Мичиген. Таа била надарена уште од најмала возраст. За првпат се качила на сцената кога имала само две и пол години.
Нејзиниот татко Френк имал афери со мажи. Откако со мајка ѝ заминале во Калифорнија кога девојчето имало само 4 години, Етел (нејзината мајка) ја презела контролата на талентираната ќерка во свои раце.
Таа била првата којашто ја навлекла Френсис на апчиња за слабеење на само 10-годишна возраст: амфетамини наутро и апчиња за спиење навечер.
Во 1934 година сестрите Гам се „ребрендирале“ менувајќи го презимето во Гарланд. Френсис за себе го одбрала името Џуди според популарна поп-песна.
Од сите сестри, Џуди се издвојувала поради прекрасниот, неверојатен глас – глас на возрасна жена во тело на девојче.
Кога имала само 13 години, Гарланд потпишала договор со продуцентската куќа MGM, едно од најпрестижните филмски студија. Договорот бил во времетраење од 7 години, а Џуди заработувала по 100 долари неделно, што за време на „Големата депресија“ претставувало вистинско богатство.
Мало девојче со возрасни проблеми
Непосредно по потпишувањето на договорот, таткото на Џуди починал, па сета контрола преминала во рацете на мајка ѝ. Таа ќе ја нарече подоцна „Вистинската вештерка од западот“.
Џуди морала да се адаптира на невозможен распоред за време на филмските сетови. Неретко снимала 2 до 3 филмови истовремено.
Покрај школските часови и часовите по пеење следувале напорни снимања кои завршувале во 5 часот наутро. Таа „преживувала“ со помош на таблети за слабеење, целосно зависна од нив кога наполнила 15 години.
Кога ја добила главната улога во Волшебникот од Оз (првично планирана за Ширли Темпл), студиото морало да направи сè што е во негова моќ Џуди да изгледа помладо.
Ѝ рекле дека е дебела и дека мора да ослаби. Нејзината диета се состоела од пилешка супа, црно кафе, 80 цигари, таблети за слабеење и амфетамини.
Половината ѝ била постојано стегната со корсет за да изгледа потенка, а носот ѝ бил направен да изгледа потенок со помош на протетика.
Била психички и физички малтретирана како девојка
Некои од најголемите холивудски моќници ѝ нуделе секс на Џуди или пак непристојно ја допирале. Според нејзиниот трет сопруг, дел од филмската екипа на Волшебникот од Оз ѝ го правел животот мизерен, насилно ставајќи ги нивните раце под фустанот на Џуди.
Џуди се омажила 5 пати
Првиот брак на Џуди бил практично крик за слобода. Се омажила на само 19 години во 1941 година за 30-годишниот композитор Дејвид Роуз.
Во 1945 година се омажила за режисерот Винсент Минели со кого ја имале ќерката Лајза Минели. Се развеле во 1951 година бидејќи Винсент имал афера со друг маж.
Од третиот брак со Сидни Луфт, Џуди имала 2 деца. Нејзиниот четврти маж бил хомосексуалец, актерот Марк Херон, кој бил особено насилен со неа и ја малтретирал.
Гарланд го запознала својот последен сопруг Мики Динс додека ѝ носел опијати. Само неколку месеци откако се венчале, таа починала.
Се борела со зависности, анксиозност и здравствени проблеми
Хепатитис, истоштеност, откажување на бубрезите, нервни растројства, фатални последици од употреба на дрога, нагло зголемување и симнување на телесната тежина… се само дел од проблемите со кои се соочувала Гарланд.
На моменти се однесувала доста параноично за време на снимањата, подготвена во секој момент да доживее нервен слом.
Сосила ја натерале да абортира
Кога забременила на 19 години, Роуз и Етел ја натерале да го абортира детето инсистирајќи дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ. Ова воопшто не било невообичаена пракса.
Бет Дејвис и Ава Гарднер исто така морале да абортираат со цел да го одржат имиџот. Џуди абортирала и подоцна, принудена од страна на нејзиниот трет сопруг Сидни.
Трагичен крај
Нејзиниот последен настап бил на 25 март, 1696 година во Копенхаген. Починала неколку месеци подоцна во нејзиниот дом во Лондон, како резултат од случајно предозирање со опијати. Џуди имала само 46 години.
Оваа трагична приказна на големата ѕвезда уште еднаш се потврдува со познатата изрека на Мерилин Монро:
Холивуд е место каде што ќе ти платат илјадници долари за бакнеж и 50 центи за твојата душа“.
Извор и фото: crnobelo.com