„Ми се допаѓа тоа што татко ми има жена и неколку девојки – ние сме среќно семејство“: Исповед на ќерката на познатиот тајкун!

Ужива во луксуз

Вака живее ќерката на најконтроверзниот плејбој

Лучијана Бејнон е модел во подем, но медиумите повеќе ги интересира нејзиниот приватен живот отколку нејзината кариера. Таа му е ќерка на Траверс Бејнон Кендимен, богат наследник во тутунската индустрија и човек што благодарение на својот начин на живот ја стекнал титулата австралискиот Хју Хефнер.

Младата Лучијана во едно интервју првпат проговорила за животот во луксузната вила „Кендимен шоп“ во која, покрај неа, живеат и нејзините две сестри, нејзиниот брат, татко ѝ, неговата жена и неговите љубовници.

Во вилата што ја нарекува свој дом редовно се одржуваат луди забави со многу голи жени, слично како во вилата на Плејбој, а татко ѝ редовно објавува на Инстаграм фотографии од креветот со сопругата и љубовниците.

„Се сметам себеси за благословена што живеам во таа куќа. Меѓутоа, тоа и понатаму е нормален семеен дом. Да, татко ми има жена и уште неколку девојки, но сите ние сме семејство. Многу се забавуваме, но и работиме многу повеќе, бидејќи имаме големо ‘семејство’. Многу е забавно да се живее со мојот татко. Тој знае како да живее и на сите им покажува како да го извлечат најдоброто од животот“, вели таа.

Лучијана почнала да се занимава со моделство од 14 годишна возраст. Во животот ја води мотото на нејзиниот татко: „работи многу, забавувај се лудо“. Вели дека работните навики ги наследила од својот „конзервативен“ татко.

„Она што луѓето можеби не го разбираат е дека татко ми е многу старомоден и една од најважните лекции што ни ја пренесе на мене и на брат ми е дека напорната работа се исплати и дека ништо не се постигнува лесно. Затоа ми беше важно да почнам да работам што порано“, вели таа.

Иако јавноста е згрозена од однесувањето и ароганцијата на татко ѝ, Лучијана го брани.

„Тој е опкружен со убави жени, сака да ги разгалува и да прави да се чувствуваат добро. Мислам дека е смешно што луѓето го обвинуваат дека ги третира жените како сексуални објекти. Што е со милионите жени кои самите објавуваат полуголи селфиња на социјалните мрежи и имаат милион следбеници? Жените треба да имаат избор да се изразат“, вели таа.


Додава дека секој однос помеѓу возрасни луѓе што тие самите го одбрале, треба да биде прифатлив, исто како што денес е прифатливи и истополовите бракови.

Лучијана себеси се опишува како авантуристка, семејно-ориентирана девојка, но и по малку дива.

„Се сметам себеси за многу смела личност. Обожавам авантури, диви, брзи и понекогаш опасни активности, бидејќи ми го подигнуваат адреналинот и прават да се чувствувам жива. Секогаш ме учеле да излегувам од својата удобна зона“, открива Лучијана.

Тој е милионер и плејбој: Изгледа дека само ова му требало во животот за да биде среќен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.