40 дена без Марина Туцаковиќ: Естрадата во страв, прашање е кога ќе прозбори нејзиниот син за списокот на должници! (ФОТО)

Велат дека списокот бил долг...

Денеска се навршуваат 40 дена од смртта на Марина Туцаковиќ. Славната текстописка почина на 19 септември во 67. година по долгата и тешка болест.

Како што се очекува, денеска би требало да се одржи 40-дневен парастос на Новите гробишта во Белград каде е погребана, а на кој ќе присуствуваат само најблиските од семејството. Иако синот на Марина, Милан Лача Радуловиќ најави и комеморација на која ќе можат да се простат сите тие што не успеале да дојдат на погребот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ljubba (@ljubba)


– Комеморацијата ќе биде одржана откако ќе поминат 40 дена. Ви благодарам на разбирањето. Ожалостени Александар и Милан Радуловиќ – пишувало во еден од твитовите на Лача.
Покрај тоа, медиумите со нетрпение очекуваат да поминат овие денови, за да можат да разговараат со Милан на многу теми поврзани со смртта на неговата мајка, бидејќи тој ветил дека ќе збори откако ќе поминат 40 дена.

– Ветив дека нема да зборувам некое време откако ќе ја погребаме. Денеска беше погребот и во наредните 40 дена нема да давам никакви изјави. Кога ќе поминат, тогаш ќе прозборам – рекол Лача на денот на погребот.

Да потсетиме, погребот беше пропратен со неколку скандали, бидејќи Лача направил непријатни сцени и ги избркал Цеца Ражнатовиќ, Милан Калиниќ и Саша Матиќ.

– Имајте разбирање, ве молам да не приоѓате до гробот, останатите можат – им се обратил Лача за време на погребот на Цеца, Милан и Саша.

Многумина од естрадата стравуваат од исповедот на Милан, во кој тој би требало да ги каже сите естрадни тајни, а секако најинтересен ќе биде списокот на должници кон неговата мајка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.