Список на предмети кои ни ја крадат енергијата во домот! Празен соларник носи кавга!

Маката на се ги тера луѓето...

Тешки случаи…

Малите промени во домот можат да донесат добра атмосфера и чувство на благосостојба, но не сме ни свесни колку енергија ни исцрпуваат некои навики или предмети, велат експертите за фенг шуи.

Иако зборуваме за древната источна уметност на живеење во хармонија со просторот, многумина тврдат дека функционира и во денешно време. Според фенг шуи, треба да обрнете внимание на следниве работи кои „ја крадат“ енергијата во куќата.

Валкана облека
Ова е една од првите работи на кои предупредува експертот за фенг шуи. Можеби најлесно е да ја шутнете валканата облека на подот во аголот од собата, но треба да знаете дека од тоа место тече и позитивна енергија. Секое семејство треба да има само едно место за складирање на вакви алишта.

Натрупани чевли
Без разлика дали стојат пред влезната врата или во ходникот, тие се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани. Исчистете ги и ставете ги во ормарот за чевли.

Стар весник
Весниците фрлете ги веднаш штом ќе ги прочитате, а доколку собирате одбрани списанија, чувајте ги на полиците, а не на подот под креветот во собата. Расфрлани низ просторот носат лоша енергија.

Испукани садови
Оштетените садови носат лоша енергија на оној што ги користи. Подобро е да го купите најевтиниот сад со таква намена отколку да користите скап и оштетен. Експертите за фенг шуи тврдат дека употребата на вакви садови за јадења лошо влијае на кариерата и финансиите. Напоменуваат дека оштетените садови не треба да се чуваат.

Празни садови за ориз, сол и шеќер
На сите ни се случува да ги потрошиме залихите, но внимавајте тоа да не е случи со оризот, солта или шеќерот! Тоа негативно се одразува на семејната хармонија, па, предупредуваат експертите, кавгите се неизбежни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.