Повторно уништен муралот со ликот на Јована Јеремиќ: Водителката проговори и ја откри позадината на настанот (фото)

Црн и црвен спреј, натписи...

Фото: Инстаграм

По трет пат е уништен муралот со ликот на Јована Јеремиќ

Водителката Јована Јеремиќ годинава се пофали со оригиналниот подарок што го добила од непознат маж.

Имено, човек кој не и е познат на јавноста, на водителката и приреди изненадување. Тој направи прекрасен мурал со нејзиниот лик на зграда во Дорчол.

„Ниту една ниту друга, за мене ти си единствена“, пишуваше под ликот на Јована.

Недолго потоа, муралот бил отстранет и насликан на друга зграда.

„Муралот само што беше преместен. Сега е на зградата каде што поседувам имотот, таму никој не може да го допре“, изјави тогаш Јована.

Но, тоа не е крајот на сагата за муралот, тој набрзо повторно бил уништен, а водителката нашла и снимка од безбедносните камери, па ги однела во полиција.

Муралот беше преработен и стоеше недопрен до денес кога повторно беше исчкртан со навредливи зборови.

„Нападот на мојот мурал има политичка заднина, тоа е напад затоа што нема да дозволиме Србија да запре. Можат да го уништат муралот, но ние нема да им ја дадеме Србија. Ќе дадам се од себе целосно да се отстрани“, изјави водителката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.