Дали се реални: Милион долари за секој говор одржан од Меган Маркл и принцот Хари?

Нивниот список со барања изгледа вака

Меган Маркл и принцот Хари потпишаа  договор со њујоршката агенција „Хари Валкер“, која ја ангажираа за да им наоѓа профитабилни договори за настани на кои тие ќе одржуваат говори.

Притоа, славните сопружници составиле подолг список со разни барања, поврзани со нивните јавни говори, но и појавувањата на настани, кој вклучува однапред загарантирана голема сума на пари што организаторот ќе им ја исплати, како и дека сами можат да изберат кој точно ќе ги најави и ќе го организира целиот настан.

Сумата која ја бараат, а за која се претпоставува дека е околу еден милион американски долари за секој говор, мора да се плати директно од сметката на лицето што ги ангажирало, а пред да се согласат со што било, двојката сака да го знае приближниот број на луѓе кои треба да се појават на истото место, како и нивниот опис, кои се тие и што работат.

Меган и Хари исто така сакаат да знаат дали тоа ќе биде програма во живо или однапред снимена програма, како и кој, освен нив, ќе се појави во улога на соговорник, што е тоа што публиката ќе го види на екраните, дали се ќе биде брендирано, што ќе гледаат соговорниците на екраните за време на презентацијата … Тие дури сакаат да знаат на кој начин ќе се емитува настанот, се со цел да не се посрамотат доколку има некаков технички проблем … Па, какови изгледа вам списокот со барањата на славните говорници со „сина“ крв?

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.