Привлекуваат беда и несреќа како магнет: Никогаш не чувајте ги овие работи под креветот!

Воспоставете добар проток на енергија

Задолжително најдете некое друго место каде што ќе ги чувате

Заговорниците на фенг шуи веруваат дека сите работи имаат одредена енергија. Местото каде што ги чувате предметите исто така може да ја одреди позитивната или негативната атмосфера во домот.

Сите предмети треба да имаат свое место, а на некои местото воопшто не им е во домот.

Доколку ги складирате овие работи под креветот, веднаш би требало да го смените тоа. Некои предмети со себе носат негативна енергија и ни влијаат додека спиеме. Јасно е дека поминуваме многу време во креветот, па не би требало да имаме никакви лоши вибрации во негова близина. Ова се некои од нив…

Работи што будат лоши спомени

Ако некои предмети ве потсетуваат на лоши мигови, постојано ќе создаваат лоша енергија во вашиот дом.

Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели

Овие работи постојано нè принудуваат да размислуваме за минатото и за нештата што би требало да ги преболиме. Па така, ако сакате да се ослободите од духовите од минатото, фрлете ги непотребните подароци.

Износена, валкана гардероба и обувки

Многумина тешко се ослободуваат од старите работи, па им наоѓаат место каде што долго време ги чуваат. Доколку се премислувате и не сакате да ги фрлите старите работи, чувајте ги на некое друго место, но никако под креветот, бидејќи привлекуваат беда.

Исушени билки

Околу креветот во кој спиете никако не смее да има исушено и свенато цвеќе. Според верувањата, тоа привлекува лошо здравје.

Оштетени и скршени предмети

Ваквите работи привлекуваат лоша среќа. Ним не им е местото под креветот, а ни во домот.

Стари, расипани уреди

Добро позната ни е ситуацијата во која наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го зачувуваме со помислата дека можеби некогаш во иднина повторно ќе ни затреба, иако тоа никогаш не се случува. Таквите уреди главно завршуваат во кутија, а таа под кревет. Ваквите работи носат лоша енергија и лошо расположение.

Фенг шуи: Четири работи што не ги сакаме во нашиот дом!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.