„Морам да земам терапија до крајот на животот“: Сања Вучиќ боледува од оваа болест! (ФОТО)

Мора да се бори!

Поранешната членка на групата „Хјурикејн“, Сања Вучиќ пред нешто повеќе од две години и беше дијагностициран проблем со жлездата, односно Хашимото синдром поради кој мора да зема терапија секое утро.

„Жал ми е што Хашимото се преставува како нешто опасно, а всушност е нешто со кое може добро да се живее. Најнепријатен е фактот што мора да земате терапија додека сте живи, но ако луѓето секое утро пијат кафе, зошто јас поливина час пред доручекот не можам да се напијам една таблета? Едноставно кажано, кога ќе доживеете стрес или подолго време се нервирате, а можно е и иминетот да „забегува“, во телото почнуваат да се создаваат антитела кои штитната жлезда ја доживуваат како непријател. Таа „војска од антитела“ се обидува да ја уништи, а не е свесна дека станува збор за витален дел од организмот. Кога е загрозена, таа започнува да лачи хормони, па хипофизата го предупредува организмот дека нешто не е во ред. Веќе создадените антитела не можат да исчезнат, но може да ги намалите со тоа што ќе пиете хормони, кои ако било се во ред ќе ги произведувала штитната жледа. За тоа велам дека ова е неизлечлива ситуација“ – рекла Сања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Vučić (@sanjalilwolf)

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе