„Бикси“ официјално е новата омилена фризура: Му стои секому, а се прави за миг!

Погледнете за што станува збор

Добро се сеќаваме на моментот кога боб-фризурата повторно стана популарна пред неколку години

Не поминува ден без да се побара оваа мегапопуларна фризура во нашите и светските фризерски салони. Поради неа, многу жени се подготвени драстично да ја потстрижат својата долга коса.

Јасно ни е и зошто, бидејќи боб-фризурата се врати на сцена како исклучително шик-фризура, која истовремено е и многу лесна за одржувата. Освен тоа, многу е сестрана, па со неа можете да си играте како сакате, а од друга страна прави секоја жена да изгледа поинаква и своја.

По сите пофалби што ги доби последниве години, дојде време боб-от барем накратко да ѝ го пропушти тронот на новата хит-фризура која последниве неделни силно се проби во светот. Станува збор за бикси-фризура. Како што открива и самото име, станува збор за хибрид до два многу популарни кратки стилови – микс од пикси и боб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Rose🖤 (@jcon_2)

Овој нов трендовски стил ја зграбува популарноста во пресрет на зимата, а ние веќе го замислуваме во комбинација со најдобрите парчиња од зимската мода, како предимензионираните плетива, со кои оваа шармантна фризура ќе изгледа нежно, но и разиграно истовремено.

Познати странски фризери истакнуваат повеќе предности на оваа нова хит-фризура, некои од нив се тоа што бикси совршено функционира на сите текстури на коса и може да се стилизира онака како што треба за да се вклопи во вашиот стил, во зависност од обликот на лице и типот на коса. Бикси е пократка фризура од боб, а повторно подолга од класичната пикси, што значи дека косата се потстрижува степенесто, а нејзините прамени го опкружуваат лицето сè до класичната боб-должина.

Тоа посебно ќе ги освои сите оние што никогаш досега не се осмелиле да направат радикална пикси фризура, бидејќи и понатаму ќе успеат да го задржат најдоброто од боб-фризурата, а повторно ќе внесат малку промена, разиграност и динамика во својот стил.

Како да стилизираме бикси?

Како што сакате, па притоа можете да си играте и со малку поразиграна текстура или целосно да ја израмните. Фризерите советуваат за поретка коса да се користи спреј за текстура, која ќе создаде волумен од самиот корен на косата, додека за погусто влакно препорачуваат нанесување крем за стилизирање на косата пред фенирањето, кој ќе ѝ го даде тој измазнет впечаток на финалната фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaime King (@jaime_king)

Накратко, фризурата бикси навистина е совршен избор за зима, бидејќи остава впечаток, дава карактер, забавна е, сестрана и многу лесно се персонализира за да одговара на сечие лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Florence Pugh (@florencepugh)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by julia marie (@neutral.fleur)

Заборавете на трендовите: Овие 2 фризури никогаш нема да излезат од мода, а совршено им стојат на сите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.